вака сега, моделот е mercedes e220 sport plus, 2.0 со 194 коња, аутоматик, 2019 година, и тоа шасија или што и да е е w213.
да објаснам убаво, јас не сум меркалија на коли, да сакам убави коли, ама не сум од тип на луге да ја тјунира па да затемува стакла па да мења предни маски, фелни итн... мене колата ми е првенствено потреба и кога не ја користам ја чувам во гаража. за низ град имам друго помало возило. во порше ми се свигаше што кога бордот ке ми јави "service now" ја носев таму, си имаа лугето сервисна историја, ке ја оставев 3-4 часа, ке отидев да ја земам, ке си платев и тоа е тоа. на факутрата ке видам ми смениле масло, филтри кога кој како има потреба, некој штопни шо ти ја знам не ни знам која за што служи, доодени ствари итн... не сакам да ја носам кај мастор и гаража некоја кај шо ти ја знам, некој дооден дел кој што кошта 100-200 денара на пример нема да го смени, ја знаете таа нашата, ке тера ова ееххааа.. и поради тоа да ми направи некој поголем проблем за кој што неормало нема да одговара оти кај нас кој за што одговара, или да ти даде гаранција на дел итн... и најлошо да ме остави дефект на пат пу пу не дај боже.
значи прашањето ми е дали порше или овластен сервисер макаутостар. според одговориве што ги добив дефинитивно макаутостар, така да благодарам на сугестиите.