Дечки, Јас возам Форд Мондео кое е околу 1500кг или едно 100кг потешко од Пежо-во.
Моторот е 1.5 тдци, со вртежен момент 270 Nm / 1750 вртежи, и би очекувал да има горе доле исти перформански со 408-цава.
Да, 2.0 е по соодветен мотор за мојава кола, но не е дека и ова е за фрлање. Нема да можеш да стартуваш на семафор, и нема да можеш да возиш над 160 на автопат, но во секојдневието тоа не ти ни треба.
Реалноста е дека 408-цава ке вози сосема ок за обичниот возач, и не е за ентузијасти.
Мислам, сите се сложуваме дека 1.6 атмосмерецот на Киа/Хундаи со 136кс е за никаде, ама народ се окапа од купување бидејки едноставно не им е важно, и не брзаат да стасат никаде.