Toj типот од сале каде што точаците висат на рамка, јас не го препорачувам, зошто:
- велосипедите висат на рамка, секој различно, и рамката има косина во зависонст од дизајнот, големината и слично, и за одредени точаци еднаш дури фаќаше до земја предното тркало, не можевме ние да ги монтираме без извадено тркало (ти најверојатно нема да имаш ваков проблем).
- треба да ги изолираш меѓусебно ко ќе ги стегниш со каишот оти каде што ќе се допираат ќе се гребат меѓусебно.
- предното тркало не е фиксно, освен со каишот ако ги фатиш сите.
- 2 точаци можеби не е проблем, ама со 3 е по комплицирана монтажата, третиот ќе запнува на волан, педали итн...
А подобри се тие со постоље одоздола, секој си стои посебно и е прицврстен на 3 точки, не се допира со никој, полесни за монтажа.
Препорачувам половно туле, него ново перузо или менабо, со можност за заклучување на секој точак посебно.
Земи го точакот обавезно, на туле сигурно ќе го собира, оти еве перузото е 13цм потесен, да не испадни да висат тркалата надвор од лежиштето.
Од дејан туле сме земале јас и друштвото и сме задоволни.
Не можам точно да ти препорачам модел за на кука оти не ми се познати тие модели, само имам искуство со монтирање на други возила.