Пак јас, сега со лоши новости...
Вчера на враќање од работа на последната кривина на кај дома застанав да почекам да помине кола да вратам лево и еден залетан(не знам кај гледал) ме лупна од позади.
Иако на сликата не изгледа дека има штета колата межутоа има појдено лимот позади навнатре према резервното тркало, гепекот од лева страна доле ивицата е набиена и сигурно и задниот метален носач е набиен.
Викнав полиција направија забелешка во петок би требало да одиме во осигурителна компанија да се направи европски записник и потоа да видам дали ќе се остави во сервис па тие да си си расчистуваат со сервисот при што се пресметува амортизација на метални делови, или да ми понудат сума која би ми ја исплатиле па јас да се снаоѓам.
Нервозата и губење време гратис оди