Летово кога бев Грција, само што ја поминав границата, ми се упали check engine, без никакви промени во сила и забрзување (што значи без да влезе во safe mode). После некој ден се изгаси таму. Оттогаш наваму чат пат се пали, стои така два три дена, па после го снемува.
Кај и да е ми се ближи сервисот за промена на масло, па планирав таму да ми проверат.
Во меѓувреме си нарачав и ми стигна OBD скенер (дијагностика) од Тему, таман да ја проверам и ми прочита грешка P0180 Fuel Temperature Sensor A circuit.
Барав ама не најдов, да не знае некој каде е лоциран овој сензор, да видам визуелно да не е олабавен или да не има некој прекин во жицата. Некој да не имал искуство со ова/
Да не го подречам, сега за сега нема ништо, намерно не ја избришав грешката за да ја прочитаат кога ќе менувам масло, ама не е лошо да се информирам прво.
Апдејт, да не остане недокажано
За сензорот за температура на нафта во овластен бараа некои 5000-5500 денари, решено со половен сензор од кај Мети Фиат за 500 денари. Излезе многу фер, ми даде два сензора за проба, без ништо да платам, па после монтажа да му го вратам другиот и да платам 500 денари. Баш денеска треба да му го вратам другиот.

Во меѓувреме сменета и манжетна на внатрешен зглоб, случајно приметив дека е скината:
Старата

Новата

Двете операции направени на 193900 км кај Спасе во Чаир, задоволството чинеше вкупно 2500 денари + 500 денари сензорот од кај Мети Фиат половни делови. За цена на работна рака денеска е малку незгодно за дискусија, ама Спасе важи за добар мајстор, па нека тркала колата, тоа е