Автор Тема: Товарни приколки до 750 кг  (Прочитано 1627 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Товарни приколки до 750 кг
« на: 23 Октомври 2023, 22:53:20 pm »
На мисла сум да купам лесна приколка за товар со максимална тежина од 750кг - О1 категорија која се вози со Б категорија. Барав да изнајмам од некаде на пар дена но во МК таква опција не постои.

Би се превезувале повремено кабасти работи, можеби некогаш ствари од Икеа до Скопје, минималните димензии на товарниот дел мора да се 2300мм х 1200мм, треба да има кипање и (опционално) рампа за со количка да се утовараат ствари на приколката ако нејќам да ја кипам.

Во игра се:

1. Vesta Light 25 -  српско производство, по форуми викаат дека како марка и изработка е ок за цената - 1050 еур од Евро Тео Пет Скопје.

2. Vesta Light 25 W основата е иста со претходната но страниците се со водоотпорна панелка која мислам дека ќе биде поотпорна на удари од страниците од поцинкуван лим која ги има претходната приколка. 1060 еур од Евро Тео Пет Скопје.

3. Vesta Light 30 иста како ставка 1 само подолга, мислам дека е предолга за моите потреби. Цена не знам.

4. Trigano P233 кнап димензија на товарен простор, исто како марка фалена по форуми за цената - 990 еур. Made in Serbia, за разлика од некои други Trigano кои се правени во Франција - брендот е француски.

5. Trigano D250 слична на приколката од ставка 2, цена 1090 еур.

6. Faro Pondus 2 не ја сретнав маркава по форуми. Цена 890 еур.

7. Stema Rex 25 наводно Ролс Ројс меѓу ваквите приколки, има и рампа на задната страна, има и механизам за кипање, цена ~1700 еур. Можеби е најдобра од сите наброени но сметам дека е преценета.

Тема продаваат Евро Стил Битола но ги имам видено во живо кај нив и не ми се допаѓа изработката, а и не читав најпофални зборови за марката.

TPV (словенечки) ги носат Агро Сервис 2000 Неготино но не знам ниту модели ниту цени.

Ниедна од горните приколки нема кочница, ниту мислам дека би ми требала.

Гледам има и приколки со вкупна маса до 750кг со 2 оски но сметам дека немам потреба од истото и истите се направени за да се товарат над 750кг (О2 категорија) а да се регистрираат и возат како О1 категорија. Арњеви и церада не ми се во план, но резервно тркало, задна рампа (ако нема) и стабилизатори би докупил.

Ако имате некој совет или друга препорака добредојдени се.
« Последно менување: 29 Октомври 2023, 18:34:02 pm smole »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #1 на: 24 Октомври 2023, 14:36:44 pm »
Исто е што и да купиш. Сите набројани брендови се познати, и верувам дека нема да згрешиш. Само да знаеш колку се тера со претовар, па уште тераат. Дури, и најлошите гуми, се ставаат на приколица...

Јас се љутам на луѓето, кои возат, приколки/трактори/земјоделска механизација, а немаат никакви светла.
15евра кошта ротација за трактор, или задни лед штопови.

Смоле дали твоето возило има кабел за напон за приколица?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #2 на: 24 Октомври 2023, 15:23:04 pm »
Исто е што и да купиш. Сите набројани брендови се познати, и верувам дека нема да згрешиш. Само да знаеш колку се тера со претовар, па уште тераат. Дури, и најлошите гуми, се ставаат на приколица...

Јас се љутам на луѓето, кои возат, приколки/трактори/земјоделска механизација, а немаат никакви светла.
15евра кошта ротација за трактор, или задни лед штопови.

Смоле дали твоето возило има кабел за напон за приколица?

Има и тоа и еуро кука.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #3 на: 19 Декември 2023, 23:14:59 pm »
Купена Vesta Light 25 W и регистрирана на посебна таблица. Кога е празна на дупки скока, кога е товарена супер се вози. По мене е солидно направена, подобро од Faro, Trigano и Stema (на последнава ги видов профилите за церада - лимче тенко). Лесно се вози, не е поширока од колата и лесно се маневрира кога е откачена (200 кг тежи).

Неколку пати е товарена со шут и даски немало никаков проблем. Не собира колку комбе но мене супер ми брка работа.

Ја земав оваа W верзија каде страниците се од водоотпорна панелка наспроти обичната Vesta Light 25 каде страниците се од лим бидејќи ме советуваа дека водоотпорната панелка е поиздржлива на механички оштетувања. Со 2 оски не ми треба, таа се зема ако баш се товари, јас тоа не планирам а наводно била постабилна за возење.

Докупено:

1. Заштитна кутија за шепа со катанец
2. Поубав катанец
3. Клоцни
4. Каиши за товар од 5м

Приколката е купена од Евро Тео Пет (Ченто) и таму нарачав да се изработат дополнителни страници од челични профили кои ладно ќе се поцинкуваат и ќе бидат модуларни за да зафаќаат помалце место кога ќе се складираат.

Можно е да нарачам и ова да ми се направи во истата фирма:

Само треба да проверам дали скроз се кипа.

« Последно менување: 19 Декември 2023, 23:20:51 pm smole »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #4 на: 20 Декември 2023, 10:20:19 am »
Фала за истражувањата/размислувањата, корисни информации за купување.
Јас одамна ќе купев на старо ама повеќето што продаваат немаат документи и не може да се регистрираат приколките, а тие што имаат документи (понови приколки) ги продаваат доволно блиску до цените на нови приколки за да нема лесна одлука. И дигнати се цените, сега ми е криво пред неколку години што не купив.

Инаку како ја чуваш приколката кога не ја користиш, може некако да се исправи вертикално за да не се собира вода од дожд, и да не фаќа место?

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #5 на: 20 Декември 2023, 17:16:06 pm »
Теориски е цела водоотпорна (и панелките и профилите).

На суво ја чувам, не сум пробал дали може како на видеово, ако може ќе нарачам таква конструкција за да ми зазема помалце место бидејќи висината нема да ми е проблем.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #6 на: 20 Декември 2023, 17:16:32 pm »
Аха, сега го гледам видеото... Интересно. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #7 на: 24 Декември 2023, 13:02:33 pm »
Околу 1100 евра ја платив, српски се човеков го увезува. Прави он и по нарачка приколици ама и овие ги продава. Се кипа, има носивост 566кг и по мене е бест бај за парите, поопширно имаш овде а ако сакаш да ја видиш и он има за него иста ваква, таму на работа му е паркирана.

Само да спомнам дека од се што гледам дека се нуди овде, веројатно ова твоево навистина е најприфатлива понуда на пазарот, барем како за приколка со „обична“ сештонаменска употреба. Штета само што не ставиле малку пошироки тркала/бандажи, 155 некако ми прави шубе (иако за 566кг би требало да е повеќе од доволно)... Јас не се брзам, до пролет имам време. Веројатно истава ќе ја земам но верзијата со лимени страници а внатре сам ќе додадам градежна шпер плоча. Веројатно нема да биде тешко да се наддадат и повисоки страници (за товарање полесни покабасти работи).
Конструкцијата колку што гледам се поцинкувани железни профили, не би требало да би биде сложено за модификации ако ми затреба (наварување елементи и слично).

Смоле, во однос на кипање/користење примети нешто друго вредно за спомнување? Ти спомнаа колку би чинела изработка на тој „механизмот“ од видеото за вертикално тркалање/позиционирање? Изгледа корисно, и посебно ако е прифатлива цената.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #8 на: 24 Декември 2023, 14:53:48 pm »

1. Зошто би земал со лимени страници ако планираш да додаваш шперплоча (која мора да биде водоотпорна)? Зошто не земеш од старт со дрвени страници? + Ќе ти се намали габаритот на сандакот.
2. Ако планираш да додаваш високи страници заварувањето потешко ќе ти оди бидејќи е поцинкувано железото. Можеш да си планираш конструкција со коцкести профили кои ќе влагаат во коцкестите профили на страниците (па да се осигураат со штрафови или нешто друго) + на места каде не може да влезе профил во профил може да се игра со самопрајски U елементчиња од флахови заварени на наддадените страници. Кога ќе бидат готови моите страници ќе ти пратам слики да видиш како е направено.
3. Кипањето си работи ок (нема амортизери), баш пред некој ден товарев машина за алишта - со количка ја качивме од земја до крај на сандакот.
4. Механизмот не знам дали ќе го изработи а уште помалку колку ќе кошта. Ако се реализира ќе ти кажам. Знам дека тркалцата се скапи а за него требаат 4 парчиња.
5. Постои и верзија со сандак од 3м (линк) ама мене и оваа од 2.5м ми врши работа. + 3 метарскава нема опција за дрвени страници.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #9 на: 24 Декември 2023, 16:39:14 pm »
Фала. Тоа се значи пластични капачиња најгоре на крајот од профилите. Супер, уште подобро би било со шрафење (вадење/ставање по потреба).
За првото, за страниците некако лим ми се чини како потрајна опција а често би се случувало да треба да остане на отворено. Шперот би се додавал само кога се носат некои железа и слично. Ќе намали 2-3 см габарит ама ќе се заштитат страните... Само размислувам на глас (и веројатно претерувам).  ;D

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #10 на: 24 Декември 2023, 16:46:58 pm »
Фала. Тоа се значи пластични капачиња најгоре на крајот од профилите. Супер, уште подобро би било со шрафење (вадење/ставање по потреба).
За првото, за страниците некако лим ми се чини како потрајна опција а често би се случувало да треба да остане на отворено. Шперот би се додавал само кога се носат некои железа и слично. Ќе намали 2-3 см габарит ама ќе се заштитат страните... Само размислувам на глас (и веројатно претерувам).  ;D

Дрвената нема гајле надвор да се чува.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #11 на: 19 Февруари 2024, 20:11:28 pm »
Ги направија дополнителните страници, челични профили ладно поцинкувани.

Сите 3 страни се вадат посебно ако треба, јас за сега немам потреба да ги вадам. Задоволен сум како испадна, се добива доста висина. На задната страна исто така ќе има поцинкувани профили, дополнително ќе ги добијам и нив.

Присутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #12 на: 19 Февруари 2024, 23:39:02 pm »
Kako e trosokot za registracija? Zavisi od gabarit ili e opsto za site prikolki?

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2089
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #13 на: 20 Февруари 2024, 08:05:58 am »
Ги направија дополнителните страници, челични профили ладно поцинкувани.

Сите 3 страни се вадат посебно ако треба, јас за сега немам потреба да ги вадам. Задоволен сум како испадна, се добива доста висина. На задната страна исто така ќе има поцинкувани профили, дополнително ќе ги добијам и нив.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
ова задоволство колку чини како што е се комплет на сликава?

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #14 на: 20 Февруари 2024, 08:36:49 am »
Kako e trosokot za registracija? Zavisi od gabarit ili e opsto za site prikolki?

Пред пар месеци беше, не се сеќавам ама не беше нешто скапо, до 750кг е ваљда една цена над 750кг друга пошто друга категорија се тие.

ова задоволство колку чини како што е се комплет на сликава?

1060 еур е приколката (можно е годинава да е нешто поскапена), конструкцијата е по договор - он има за него направено за церада и пломба да може да си стави, а мојава е само да добијам висина а не и да натегнам церада.