Автор Тема: Товарни приколки до 750 кг  (Прочитано 6852 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6286
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #30 на: 01 Април 2026, 15:09:34 pm »
БЕв на еден од техничките  во Бт пред недела дена, не знаеа уште ништо, им оставив број и ми звонаа вчера, докуметите на технички кај нив ќе коштале околу 60тина евра, за судски трошоци не знаеа колку е. Ако е фиксно, пред две години за мопедот гледам на копијата од уплатницата сум платил 1480 денари. Тоа е тоа Царина/хомологација не треба бидејки  е Брако, македонски производ.

 Од друга страна пак имам проблем со мопедот со кој што почнав постапка да го легализирам во 2024та кога  имаше закон истото.
За ова ми треба помош/ мислење бидејки ми е жив инает целата постапка.
Направив се по процедура, ми извадија Согласност за регистрација/ листи со сите информации за моторот, со истите пополнав барање за легализација на суд. По месеци чекање добив решение со правосилен печат дека јас сум сопственик на мопедот(шо и онака бев оти е од дедо ми ама не чувале архиви стари во мвр..)
Следна ставка е царина и МВР, баталив таа година.. Вчера отидов да дозавршам секако излезе пак законот.
Да скратам, ме вртеа напред назад царина мвр, требало не требало царина за томос ,излезе дека требало да се царини моторот...
За се ова погоре има закон и е пишана постапката во законот за возила и се е по пропис направено од моја страна.
НИКАДЕ неможам да најдам никакво инфо за царинење на мопед или L категорија како ѓшто е класифициран. после легализација
  Царината би коштѕала 18% не запамтив што и 15% исто незнам што.... Добро во ред им велам ама ете 35/40% царина ама од која сума.... Па незнам ми вели дечко ќе гледаме по интернети..... Моторот е од 57ма на интернет го има и за 100/200е со документи го има и за 2000Е... Кој ти курац бизнис... Ако ме царинат на некоја драконска сума и зошто уопште.
И тоа не е се, Ми вика царинарникот, да знаеш има и ставка "Превоз".... Кој превоз човече,  еве го надвор е моторот, нема везе си стоело тоа како ставка требало да се плати.....Е и тоа коштало 200 евра...
Цела вечер барам за овие работи околу царините информации, апсолутно ништо не најдов низ цел интернет. Јас сум правно неписмен, ама вероватно треба да се ова информации од јавен карактер што можа да се добијат/да постојат некаде.
https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakon-za-vozila-file-BKW4.pdf
Ова е законот за возила, на легализација срч имам све комплетирано, царинска ставка не постои никаде, исто и пребарував по тие страните на царина никаков податок не најдов.
Би саакал некој ако има некое искуство да сподели, за шо било, кај да пребарам, лично искуство правно,небитно.
Незнам дали народниот првобранител се занимава со ваква работа да одам таму.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 751
    • ibiz.mk
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #31 на: 01 Април 2026, 15:17:13 pm »
Го поминав тој процес со полската камп приколка
И лежарина на терминал јас платив
И да почастам да ја царинат по пониска сума оти на оглас има од до голема разлика


Јбг од една страна кажуваат лесен процес и евтино од друга дерат

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6286
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #32 на: 01 Април 2026, 15:58:29 pm »
Преку некоја шпедиција тераше или сам?
Ме има инает фатени повеќе пари кошта него мотор со документи, ако ме дерат веќе сакам да прочитам кај стои пишано да видам.
Можи дури и поефтино да ме кошта да одам на а тест да се пријавам дека јас го швајцав, измислив моторот.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 751
    • ibiz.mk
Одг: Товарни приколки до 750 кг
« Одговори #33 на: 01 Април 2026, 16:30:04 pm »
преку шпедиција

грубо што сум запишал
Атест 65евра, судски трошкови 20-25E, царина/терминал 25E, Carina 370E(270+100)
некоја недела пред мене некој донел адрија 2000та година за царинење, му ја лупнале цена како нова да ја купил.

инаку за царина и јас знаев дека според овој закон не треба да се царинат, али оди докажувај се.