Long time, no see. Што од обврски, што од немање време.. мал рефреш на темава со тоа што е направено до сега од последениот пат.. малце подолг пост, како казна што не пишувам редовно

На околу 218.000 Август 2024 кај Тони
-Уље ( стандарт Мобил 5w30 )
-Сите филтри, вклучувајќи го и за нафта
-Исчистена клапна, како рудник беше



-ЕГР+ДПФ офф кај Синиша
-Ставен straight pipe со цел ДПФ-от да ми остане здрав. Искрено мислев ќе чади, ама напротив. Над 3.500рпм исфрла многу малце ако сум ја угушил низ град, иначе супер. Задоволен сум колата продише и не испадна шабански.

Ставен нов акумулатор Монбат од зелените со поени на Макпетрол 4.300 ден
Проблемот со покажувачот на гориво се среди, испадна дека и Body Computer-oт е неисправен и пловакот. Значи сменети Body Comp со преснимување. + пловак кај Синиша - 9.000 ден.

Купени 16" бандажи за зимски сет за 6.000ден, гуми веќе имав од претходната Алфа 205/55/16 Сава ескимо. Колку е ниска у пм со 16", едвај чекам да затопли да си ги вратам 18"


Најтазе купени Bosch AeroTwin брисачи + Бош мапсензор од Бисоил.Имаа некоја промоција, 30% попуст. Брисачите се џам, немам коментар. Мап сензорот го чистев неколку пати, на крај ми прекур*и купив нов. Ќе видиме како ќе тера,разлика има на ниски обртаи. Брисачите 1.100ден, МАП-от 2.000ден.


И од естетика, фолијата внатре толку издржа..нецела година. Цела се згужва. Деновиве во процес сум на фарбање на пластиките во ентериерот мотивиран од
@MartinAlfista , силвер металик... океј испадна..многу подобро од карбон тјунинг фолијата

ама ми остана уште централната конзола, никако да најдам време.
Доле е before, горе афтер:

Исчистени се и сите одводни канали, имаше доста ѓубре


Следно сакам фолии и да се чепне предницата на пролет. Исто така и греачите, ама некако ми е страв да не се запечени па да се отвори голема работа. Не сум имал проблем со палењeто.
Моментално на саат 221.500км и нешто ситно(Купена со 208.000км). Не ми е во план да ја продавам барем во наредни 2 год, затоа се средува редоследно, до финалната замисла

.