Автор Тема: Проблем со палење на Renault Clio 1.5dci 2002  (Прочитано 447 пати)

Отсутен nostri

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Проблем со палење на Renault Clio 1.5dci 2002
« на: 27 Септември 2023, 16:46:32 pm »
Здраво на сите, се работи за Renault Clio 1.5 dci 2002. Често пати кога имам 1-2 црти нафта имам проблем со палењето на колата, повеќе време му треба дур вергла а и понекогаш до толку вергла со што се празни и акумулаторот, пробав додека верглам и да пумпам на туража но џабе е. Некои викаат дека имам расипан греач (од можните 4), некои пак велат дека цревата со нафта ми се полнат со воздух кога имам малце нафта (1/4). Решение..? Фала.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со палење на Renault Clio 1.5dci 2002
« Одговори #1 на: 27 Септември 2023, 17:06:25 pm »
A dali k9ga imas pola rezervoar ili poln rezervoar pravi nekakov problem?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем со палење на Renault Clio 1.5dci 2002
« Одговори #2 на: 27 Септември 2023, 18:01:10 pm »
Можно е да е до пумпата (ако е со бош пумпа тој модел) или имаш воздух во филтерот за нафта (купи си со неповратен вентил). Греач нема врска со нивото на нафта. Или турај си повеќе гориво, одржувај го нивото на средина  ;D

Отсутен nostri

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Проблем со палење на Renault Clio 1.5dci 2002
« Одговори #3 на: 27 Септември 2023, 18:06:38 pm »
A dali k9ga imas pola rezervoar ili poln rezervoar pravi nekakov problem?
Не, само кога има една до две црти нафта

Отсутен nostri

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Проблем со палење на Renault Clio 1.5dci 2002
« Одговори #4 на: 27 Септември 2023, 18:08:02 pm »
Можно е да е до пумпата (ако е со бош пумпа тој модел) или имаш воздух во филтерот за нафта (купи си со неповратен вентил). Греач нема врска со нивото на нафта. Или турај си повеќе гориво, одржувај го нивото на средина  ;D
Еден другар ми го спомна истото за неповратен вентил, иначе така практикувам на повеќе гориво ја држам цело време ама сакам да го решам и ова.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со палење на Renault Clio 1.5dci 2002
« Одговори #5 на: 27 Септември 2023, 19:55:06 pm »
Najverojatno ne ti pokazuva tocno meracot za nafta i koga imas 1-2 crti,ti nemas gorivo.
Zatoa baraj go problemot okolu plovakot prvo ili ednostavno drzija so povekje gorivo,gore dolu sprema kilometrite znaes koga si pri kraj i natoci.
Nepovraten ventil ne ti treba poso ako ja vrakja ke ja vrakja naftata i koga si full ili na pola rezervoar.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D