Ме замоли другарка да помогнам за избор на ново возило до кај 25К, или приближно до таа сума како плафон.
Направив некоја листа според цени на сајтовите на продавачите во Македонија:
1. Seat Leon *не најдов цена
2. Seat Arona * не најдов цена
3. Skoda Octavia A8 1.5 TSI ACT
4. Skoda Kamiq
5. Citroen
- C3
- C3 AirCross
- C4
6. Toyota Corola 1.5 TNGA 6 M/T Executive
7. Renault Megane
8. Hyundai i30
9. Kia
- Xceed
- Ceed
- Sportage
10. Suzuki SCross
Нема некои јасни критериуми, али Леонот и се допаѓал многу. Возилото би се користело претежно низ град, со не толку ретки излети низ Македонија и одмори до Грчка. Годишно мислам дека 15К поминува, до сега на бензин. Мислам дека така и најдобро е да остане.
Ако пропуштив нешто до тој ценовен ранг дополнете.
Исто битно, сервиси и коректност после продажба, ако има некој позитивни и негативни искуства со брендовите од горе нека сподели.