Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
На иста мака и јас бев со моите скроми 196цм и 145кг..... Возам моментално Мазда 6 2009 и можам дека да кажам дека ме собира како шо треба. Седиште спуштено најниско шо можи и воланот в скут да си го земам закачен на највисока позиција. И конечно може зад мене да седне човек. Убаво би било да се спушта уште пониско седиштето ама се навикнав. Кога барав кола пробав различни, кола со сонечев кров не е за мене, ми го зема тој просторот за главата. Бев изненаден од многу модели каде што не можев да се сместам, претходно возило ми беше Е46, убава ниска позиција за седење, ама зад мене дете само да седни..... Пробвав е90 одвај јас влегов, Е60 исто така не ме собра како што треба. Многу малку простор за нозете и за главата во прилично големи коли. Во W211 не бе собра,таа беше со панорама, т.е со два шибери. Службена кола возам Скала, никако да најдам позиција за левата рака, тој простор предвиден за потирање не можам да го искористам оти седиштето е скроз најдолу и прилично назад вратено, ама сепак може да седни некој зад мене. Од Хонда Џез сум пријатно изненаден од просторот шо го нуди напред барем. И од Пежо 308SW единстевна кола каде што не ми смета панорамата.
Кола со сончев кров ради кровот и цел тој механизам шо иди попратно е пониска.Мене не ме собра во е класа, со два шибери беше таа.Го зема тој битен простор за главата. А со панорама ако е таа ролетната можи да смета, во зависност од изведбата на самата кола.А во сув нема таков проблем. Во кодиак конкретно, ама не е кола тоа Види фотос:(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)