Фала на сите, само убави работи да ве снаоѓаат
@Aleksandar90 го видовме и BMW-то, тоа што кај Arteon-от е највисока цена за full опрема, кај BMW за жал тоа е почетната цена каде што доста по-голо изгледаше од Arteon-от, плус на тест возење моето лично искуство беше дека доста по тврдо е BMW-то и за мене лично понеудобно.
Гледавме и A5, нешто слично имам видено на форумов со доста сериозна опрема но таа одеше повеќе од 75к, а Артеонот иако таа е цената на ливче (~65) со добри преговори имаше доста поголем простор за маневрирање во цена и дополнително додадовме и 4 години плус гаранција.
Цените на колите се нереално напумпани мислам дека сите сме свесни за тоа, ама ситуациите некогаш налагаат дали ќе чекаш или не.