Автор Тема: Opel Kadett 84g usluzen oglas  (Прочитано 1336 пати)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Opel Kadett 84g usluzen oglas
« на: 04 Јули 2023, 18:37:28 pm »
Decki vujkomi go prodava kadetot 84g atest plin Lovato vo dobra sostojba mehanicki motor menjac super,karoseriski bez korozija sreden kade imase pokazano i zastiten. Naknadno staveno parking senzori,centralna brava,navlaki eurostil. Navreme servisiran vozen za domasni potrebi.kaj nego e preku 15god neuvezuvan on e vtor gazda. So nego odat i 2 zimski gumi plus. Cena 1000€ registriran do 10 mesec 2023g.
Na sobrakjajna 1.3 inace pod hauba 2.0 8v od calibra fino motorce ide perfektno ama gazdava penzioner :) Na vremeto kolava bese komplet rasturena sredena prefarbana so perla boja cuvana za svoja dusha. Sega brzo bese sanirano sve kade imase pokazano i zastiteno.


Sent from my MI MAX using Tapatalk


Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5896
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #1 на: 04 Јули 2023, 18:39:35 pm »
Моторот не е внесен во сообраќајна?

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #2 на: 04 Јули 2023, 18:42:18 pm »
Ne e vnesen. Preku 15g se registrira bez nikakov problem.
Momentalno na nego ima samo da se napravi servis na plinot filtri da se promenat.
« Последно менување: 04 Јули 2023, 21:37:02 pm Vlatce-Vectra »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #3 на: 05 Јули 2023, 14:53:51 pm »
Без проблем се регистрира. Те фатат џандари некој станат на лева нога, го обра бостанот. Нека си го атестира или ако веќе изиграваме кримоси, нека го заведи како 1.3 со фактура.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5896
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #4 на: 05 Јули 2023, 14:58:21 pm »
Истото сакав да го кажам, ама Влатче на повеќе теми ме сфаќа погрешно, да не навлегувам во тоа...
Во Ауди А8ка понова (2018-2020) се возевме со другари, најверојатно не видоа 19-20 годишни и дека бевме повеќе во колата и вртевме многу низ град не застанаа инспектори за дрога од Скопје. Не натераа да излеземе од возилото и да го претресат. Не се противевме. Проверуваа под седишта, зад седишта, патосот, гепекот, кај резервната гума и на крај ја отворија хаубата и бараа број на мотор дали се поклопува со сообраќајната.
Во 2023та ти треба и доказ и фактура за моторот за да го внесат во сообраќајна(имам пишувано во друга тема) инаку нема да го внесат. Фактура може да ти изработи Кардаш по пристојна цена.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #5 на: 05 Јули 2023, 15:16:08 pm »
Обавезно треба А-тест на моторот,ако воопшто се вградувал овој мотор во таа кола.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #6 на: 05 Јули 2023, 15:19:00 pm »
Каков доказ? .

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #7 на: 05 Јули 2023, 15:23:12 pm »
Доказ дека моторот е купен од некоја фирма/компанија.
Потврда,чисто дека не е краден

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #8 на: 05 Јули 2023, 15:25:36 pm »
Доказ дека моторот е купен од некоја фирма/компанија.
Потврда,чисто дека не е краден

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



Тоа е фактурата де.

Пишуваат број на мотор, колку кубика и колку Kw

Ако се совпаѓа со твојот стар мотор, немаш потреба од а-тест.

Ако има разлика се оди на атест.

Во случајов 2.0 ќе го пишат 1.3.

Тука е криминалот :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #9 на: 05 Јули 2023, 15:36:17 pm »
Нема да го пишат 1.3 ќе го пишат регуларно 2.0 и со тој документ оде у МВР или технички за да прават атест,арно ама атест е можно само доколку тој мотор фабрички се вградува во таа кола ако не го обра бостанот.
Е сеа јас мислам дека овој мотор конкретно шо е ставен у кадетот би требало да е C20NE за да може атест да помине,кој секако кошта 200€ и можеби 50€ за потврда 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5896
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #10 на: 05 Јули 2023, 15:38:06 pm »
25% од продажната цена на возилото кошта тоа.
Инаку криминал е и да се пише и 2.0 моторот. Му треба потврда за моторот кој најверојатно е монтиран пред 15 години и ќе мора од друго возило да бара фактура.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #11 на: 05 Јули 2023, 15:42:09 pm »
Sve antikriminal lugje na forumov

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #12 на: 05 Јули 2023, 15:58:54 pm »
Нема да го пишат 1.3 ќе го пишат регуларно 2.0 и со тој документ оде у МВР или технички за да прават атест,арно ама атест е можно само доколку тој мотор фабрички се вградува во таа кола ако не го обра бостанот.
Е сеа јас мислам дека овој мотор конкретно шо е ставен у кадетот би требало да е C20NE за да може атест да помине,кој секако кошта 200€ и можеби 50€ за потврда 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



Не знам сега како е. На времето не даваа различен мотор од тој што е во сообраќајна да се внесува.

Пример другар имаше пегле 600-ка, кога стави мотор 650 со документи, му бараа 250 евра за атест.

На крај частеше ќебапи и пиво во една фирма, му дадоа фактура дека е 600-ка мотор.

Ако не се вградувал тој мотор, тогаш се бара атест и треба да одиш во фирма да ти дадат атест со документи, елаборати дрн дупки

https://www.facebook.com/atestiranje.na.vozila

Овие се за тоа.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #13 на: 05 Јули 2023, 16:02:20 pm »
Srekja Nestor4e od sve se razbira samo cekam denot koga kje mi kaze kolku godini ima. Tolku iskustvo i znaenje sobrano vo edno mozoce treba da imas barem najmalce 25g iskustvo vo edna bransa a da se razbiras od site brandi ili imas 50g iskustvo ili nesto ne e vo red nekoja promaja fatila.
Da imase problem do sega niedna registracija nemase da projde. Sekoja registracija se kreva hauba se pikaat sondi u auspuh nikoj nisto ne prokomentiral i toa i vo PSS i vo AMSM kade i da bila registrirana kolata.
Ali vo red oglasot e tuka koj saka izvolte koj se plasi zdrav ziv.  Da bese so fabricki 2.0 motor koj go ima vo kadet GSI cenata sto e na oglasot malce kje bide posolenka.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5896
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Kadett 84g usluzen oglas
« Одговори #14 на: 05 Јули 2023, 16:06:44 pm »
Пак истиот муабет дека во сѐ се разбирам, никогаш лично за тебе не сум рекол ништо. Еднаш имам прокоментирано во темата за Мерцедесот за маслото каде што ти дадов најдобронамерен совет, не само јас, туку и другите членови на форумов, да не ги набројувам.
Ако нешто тебе лично сум ти рекол, сум те навредил посочи ми слободно, ќе ти се извинам лично и јавно пред цел форум и нема ни името да ти го спомнувам доколку ти пречи.
А кога си се запнал за годините - 19 години имам.
Едит: За моторот не ме пуштаа на технички ни со пријатели ни со триста глупости додека не однесов фактура, јас сам им спомнав дека е сменет и да го внесат, доколку не му речев немаше ни хауба да отворат. За тоа барем имам искуство.