Здраво,
Не најдов слична тема во форумов, затоа ја отворам оваа.
Имам Insignia (2015) веќе 9 месеци и моментално има 152000km, правев муабет со еден другар за најчести проблеми со моторите 2.0 cdti и како овие мотори имале фатална мана со oil pickup seal/gasket или на српски ко што прочитав gumicu uljne pumpe (не знам како е на македонски точно
слики подолу од како изгледа и каде се наоѓа). Имено, проблемот кај овие е што со тек на време таа гумица се стврднува и не овозможува доволно запечатување па влагало воздух и после тоа настрадува моторот, на интернет наидов на многу примери со овој проблем.
Кога ќе покаже low oil pressure веќе било касно, па ме интересира некој дали има искуство со ова (боље спречити него лечити)? Кај мене нема ништо досеа покажано и се изгледа во ред ама и најверојатно никогаш таа гумица не е сменета. Размислувам за превентивно менување затоа што ме мачи на ум