Одлична лимузина, со среќа да си ја возиш и уживај. Колку пари толку музика. Само не знам зошто некои овде се потсмеваат со 1.0 ТСИ моторот, не е за фалење но уште помалку за потсмев. Пример мојата Скала 1.0 забрзува подобро (9.9) од нов пасат 1.6 тди (10.8 ), мазда 6 1.8 бензин 2010 (11.4) и уште многу такви примери. Моторот без проблем ја носи и поголемата и потешка нова Октавиа караван (10.9). За нормално возење одличен мотор.