Здраво на сите,
Дојде време да се подновиме. После доооолги 6 месеци чекање колата конечно е во мои раце.
Мотор: 2.0 ТSI 280 КС, 4х4
Менувач: Автоматски DSG7
Боја: Graphite Gray
Опрема Style плус нешто дополнително од кое што би издвоил:
- Озвучување Canton
- Електрика и греење на седишта
- Навигација 8" Amundsen
- Матрикс лед
- Адаптивна суспензија DCC
- Адаптивен темпомат со travel assist
- Електричен сончев кров
- Спортски трикрак волан
- Аrea View 360 камери
и куп друга опрема што доаѓа стандард.
До сега поминати околу 700км од кои 70% на отворено и првиот впечаток е "daaamn". Многу е побрза од што очекував и ќе ми треба време да се навикнам посебно што предходно возев кола со 120тина коњски сили.
Огромни благодарности до МКМ Ауто и нашиот член
@andrej_111 што ме трпеше дур му досаѓав со "До каде е колата?", "Има ли нешто ново?"