Потрагата се заврши успешно.
Купено возило кое од 6-те видени и тестирани во саботата денес беше одбрано и однесено на темелна проверка во Порше СКопје и по проверката беше купено.
Откриен недостаток на возилото, изгорена десна светилка за дневно светло, друго нема.
Се купи црн VW Passat Highline 2.0 ТДИ 150КС од 2019 so 187000Km потврдени со Carvertical и Порше.
Од опрема за мене лично недостасува само виртуелниот кокпит ама така само ново да си нарачаш по желба.
Е сега има препорака од Порше за замена на ребраст сет со водна пумпа и редовен сервис со цени прилично високи од нив за се вкупно 62000 денари делови и работна рака.
Има ли смисол да се плати таа сума или да одиме со друг сервис, стварно немам искуство со VW И неможам да го насочам пријателот а тој па ич.
КОј сервис би го препорачале кој би бил реално поефтин а квалитетен и доверлив.
Кое масло би го препорачале Ravenol, Rowe , Motul , Castrol , Liqui Molly или друго?
Делови има доста поефтини , сетови Continental, Gates, SKF и филтри, излегува една третина поефтино со рака од сумата од Порше, па искрено дали вреди разликата?
Ќе го прашам и тука членот
@Prcot да даде понуда за делови.
Слики нема да можам да ставам поради тоа што не е мое возилото.