Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Update- Купена Опел Инсигнија од плац во Германија- Донесена со возење- Завршена царина, хомологација, регистрација, уште таблици да стасаат и да почне да се тркала.Година: 2018Мотор: 2.0 CDTI 170HPМенувач: Автоматски, 8 брзиниТркала: 255 55 17 Изминати километри: 131000Опрема: Паркинг сензори, напред, назад, камера, адаптивен темпомат, адаптивни матрикс лед светла напред, сите останати светла надвор внатре лед, вградена навигација, android auto и apple carplay од побитните работи.Први впечатоци: за мене ова е комплетен пакет од убавина, брзина, простор, удобност, потрошувачка. Не би можел да издвојам да фали одредена функција.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Цитат: L на 26 Април 2023, 18:06:25 pmUpdate- Купена Опел Инсигнија од плац во Германија- Донесена со возење- Завршена царина, хомологација, регистрација, уште таблици да стасаат и да почне да се тркала.Година: 2018Мотор: 2.0 CDTI 170HPМенувач: Автоматски, 8 брзиниТркала: 255 55 17 Изминати километри: 131000Опрема: Паркинг сензори, напред, назад, камера, адаптивен темпомат, адаптивни матрикс лед светла напред, сите останати светла надвор внатре лед, вградена навигација, android auto и apple carplay од побитните работи.Први впечатоци: за мене ова е комплетен пакет од убавина, брзина, простор, удобност, потрошувачка. Не би можел да издвојам да фали одредена функција.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Убави и безгрижни илјадници километри со лимузината. Колку ќе чини ваква операција ако не е тајна, чисто административно-техничките трошоци за возилото на куп (без лични трошоци како престој таму и слично)?
Со здравје да се вози. Ако е со F20DVH мотор, провери си го ланецот и затегачот. Фалични му се на овие мотори.
Не. Тој мотор од Фиат се вградуваше само во првата инсигниа. Веќе со фејслифт на прва па наваму сите се GM мотори.Најлесно се познава по ланчето. Ако има ланце, тогаш е GM мотор.Ако има каиш, фиат.
Цитат: osmica8 на 27 Април 2023, 21:48:24 pmНе. Тој мотор од Фиат се вградуваше само во првата инсигниа. Веќе со фејслифт на прва па наваму сите се GM мотори.Најлесно се познава по ланчето. Ако има ланце, тогаш е GM мотор.Ако има каиш, фиат.Кај се гледа за ознаката? Иначе мислам бил запчест каиш со долг век на траење мислам така нешто слушнав. https://www.auto-data.net/en/opel-insignia-grand-sport-b-2.0-cdti-170hp-29213https://www.auto-data.net/en/opel-insignia-grand-sport-b-2.0d-170hp-automatic-36449https://en.wikipedia.org/wiki/Opel_InsigniaНа овие две страни пишува D20DTH или B20DTH иако не видов некоја разлика, а негде забележав и B20DTH(LFS) иако не знам што значат сите овие работи.Ќе проверам утре