Автор Тема: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy  (Прочитано 3357 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #30 на: 21 Февруари 2023, 23:52:19 pm »
@loopz
Не верувам дека во голф има повеќе простор од т-рок.

Тврдиш?
Т-рок има 66 литри поголем гепек, и со оглед на повисокото седење гарант има повеќе простор во кабина.

Види... не можеш само така да размислуваш...
66 литри се факт...сега ти види и размислувај ;D

66 литри се три пати да седнам со другарите на трпеза.

Пази сад:

Кросовер/миниСУВ/какоидасевикаат имаат многу нивоа на прилагодување висина.
Пример ќе ти дадам од моево возило.

На висока позиција седењето ми е ужас, НО тоа ослободува повеќе простор позади мене и може дури да седне некој подебел и од мене таму...

Чин втори:

Спуштам најниско долу. Во склоп на тоа, седиштето станува значително наслонето наназад, го смалува просторот позади возачко место.
НО и покрај тоа, пак може да седи еден дебел позади мене...

Шкодилак Јети е долг 4200мм.
Јарикросов скоро исто...

КАДЕ, по ѓаволите, отишол сиот тој простор?!

Тоа беше прашањето. :)
А, те молам за разбирање.
Тебе ако ти е исто во Поло и Мерцедес, тоа воопшто не значи дека на сите им е така. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #31 на: 22 Февруари 2023, 07:23:57 am »

Види...не можеш само така да размислуваш...

 ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #32 на: 22 Февруари 2023, 07:41:25 am »
Како се лажат луѓе со литри гепек. не само тука, тоа е општо кај 90% од популацијата. Дур не застанеш едно до друго со колите. Така да таа бројка многу лесно се извитоперува од производителите и ВООПШТО не треба да и се верува.

Чисто ако некој сака да купува кола зборам. Не за муабетов. На пример хјундаи тусон има 620литри и суперб има 625 литри. А ако ги ставиш едно до друго разликата во простор е толку многу огромна да не е описливо колку повеќе собира Суперб.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #33 на: 22 Февруари 2023, 07:53:12 am »
@loopz  Епаа овие најмодерните вакви абортирани сувови ги продаваат со 18ки тркала и со венците проширени да можеш комотно да опнеш 20ка, еве ти еден куп простор за патниците и багажот фрлен во воздух. Друга модерна ретардација е шо ваков грд створ е уште и хибрид,  и еве ти го остатокот од просторот кај е заминат јабана.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #34 на: 22 Февруари 2023, 10:02:12 am »
Големи чуда што бил гепекот поголем за 66 литра коа 2 пати во годината ќе го искористам, прашање и толку.
Сигурно Голфот има многу повеќе место од Т-рокот и Т-кросот. Едино Тигуанот да е покомотен.
Во голфот има помалку место од Т-рок па сакале превртете се во сопствената утроба од што не ги поднесувате камионите :D

И ич не ми е јасно каква е таа блесавоќа да се става во ист кош и Т-рок и Т-крос, кога едното е поголем камион од другото :)
Тоа говори колку ги познавате камионите ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #35 на: 22 Февруари 2023, 10:05:24 am »
@Mikius не се обидувам да те разубедам, таман работа. Ама си пробал да кренеш седиште во „Голф“ или конкурент? Да видиш дека и на тие коли се крева седиште и се добива исто место како во СУВ?

Само што ти останува можноста да го симнеш седиштето, и да си седиш поудобно ако си на подолг пат на пример. Нешто што го губиш кај СУВ, на пример кој нема можност за пониско и поудобно седење.

П.С. Понежниот пол и онака во 90% случаи треба да крене седиште барем 7-14 клика за да може да гледа како што треба. Ама ретко кој го прави тоа. Сите гледаат низ волан напред, наместо да кренат седиште.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #36 на: 22 Февруари 2023, 10:09:09 am »
Ете шо бил проблемот, седиштето требало да се крене 7 до 14 пати

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #37 на: 22 Февруари 2023, 10:11:46 am »
Ете шо бил проблемот, седиштето требало да се крене 7 до 14 пати
Точно, на неколку припаднички на понежниот пол кога им покажав дека се прави тоа, начинот на возење им е барем 10 пати подобрен. Едноставно гледаат. Не се пропаднати во колата. Просторот е гратис.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #38 на: 22 Февруари 2023, 10:37:02 am »
Па и на камиончињата им се крева и се добива екстра од макс подигнатото на Голф :D
Некој пакет пелени сигурно ќе собере повеќе во гепек колку и да сакаме да минимизирање разликата од 66 литри.

Разлика има, е сега кој како кому му одговара седењето, аеродинамиката, и цената како најголем проблем.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #39 на: 22 Февруари 2023, 10:43:56 am »
Па и на камиончињата им се крева и се добива екстра од макс подигнатото на Голф :D
Некој пакет пелени сигурно ќе собере повеќе во гепек колку и да сакаме да минимизирање разликата од 66 литри.

Разлика има, е сега кој како кому му одговара седењето, аеродинамиката, и цената како најголем проблем.
На камиончињата веќе е подигнато. И излагаат 30-50-66 литри плус. Најдобра споредба е со Суперб и Тусон, ете ако те интересира за литри тоа е врвна споредба, некогаш ако имаш шанса да ја направиш. :)

Инаку да, не навлагаме во помодарството, потрошњата, динамика, стабилност, цена итн. Онака си праиме муабет.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #40 на: 22 Февруари 2023, 12:18:04 pm »
Си правиме муабет де :)
Тоа со повисокото седење воопшто не ми пречи, ако е погодено седиштето.

i10 има повисоко седење без можност за подесување нагоре/надоле, простор во кабина како за А сегмент има прилично. За низ град е топ, дури и за подалечни вожњи не замара седењето.
Во Меганот2 имав ниско седење ама што ако, 100 км и излегував од кола како да сум поминал 1000 км.
Толку што се однесува до седењето.

Доаѓаме до должината на возилото.
Конкретно јас имав простор за кола во двор до 4,3 м.
Во 2016та споредував Клио, Каптур, Меган.

Клиото ок, малку фалеше простор на предно седиште, малку на задна клупа, малку во гепек, да не кажам згужван. 13 бона
Каптурот имаше одличен простор во кабина, и таман за мои потреби во гепек. 16 бона
Меганот задоволуваше во простор на предно седиште, на задна клупа повеќе од Клио/помалку од Каптур, гепек таман, но не ми го собираше во двор пошто над 4,3 м. 17 бона

Каптурот победува :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #41 на: 22 Февруари 2023, 12:27:42 pm »
И на крај зеде i30, ни милиметар не му оставе фазла.

Цитат
Length  4,300 mm (169.3 in) (hatchback)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #42 на: 22 Февруари 2023, 12:29:22 pm »
Се сложувам. Фиат 500 има ептен високо седење. Ама поентата му е таа. Да биде што е можно помало, за микронски километражи во град и да го собира секаде. Ама да повозиш 500км со него ќе ти паднат ушите и кичмата. Зошто не му е тоа намената. Ама па од друга страна во град има супер прегледност дека прозорите се ниски и целото е мало и прегледно, столбот ти е позади, не во видик од страна. За намената е совршено.

Оправдано е кога условите налагаат. Дали е тоа двор, дали е тоа лифт во гаражата и слично. Тогаш мора да се прават КОМПРОМИСИ и да се измислува простор каде што реално нема. И Wizz Air така добиваат простор, ама трпиш пошто е компромис седењето на сметка на тоа што е директен лет, и е ефтин. И тоа е тоа. Ама не праиме муабет дека се седело убаво во Wizz Air, туку дека се истрпува и толку. Ако сакаш удобност имаш TGV воз и таму има место и седишта и се. Исто како што има во седаните со 5 врати, наспрема сувови со 5 врати.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #43 на: 22 Февруари 2023, 12:50:33 pm »
И на крај зеде i30, ни милиметар не му оставе фазла.

Цитат
Length  4,300 mm (169.3 in) (hatchback)
Додека се тепаа 10ина души, од нигде никаде се појави и ги исшамара по сите критериуми  :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: 2023 Toyota Yaris Cross 1.5 6MT 2WD Fancy
« Одговори #44 на: 22 Февруари 2023, 15:19:46 pm »
Како се лажат луѓе со литри гепек. не само тука, тоа е општо кај 90% од популацијата. Дур не застанеш едно до друго со колите. Така да таа бројка многу лесно се извитоперува од производителите и ВООПШТО не треба да и се верува.

Чисто ако некој сака да купува кола зборам. Не за муабетов. На пример хјундаи тусон има 620литри и суперб има 625 литри. А ако ги ставиш едно до друго разликата во простор е толку многу огромна да не е описливо колку повеќе собира Суперб.

The Hyundai Tucson 2022 has a fuel tank capacity of litres and a boot space measuring 539 litres.