Дечки се пробав, разбирам од компјутер колку - толку Пробуваа и во Порше, не оди со ајфон. Мора со андродид и да го ставиш андродиот за примарен јузер па после за споредни јузер може од кој телефон сакаш, ова е краткорочно решение за да не те прашува на секое уклучување дали сакаш да си примарен јузер. Го аптејтирав и системот преку апликацијата ама пак џабе.
Инаку секако дека имам и апликација, па пробував со апликацијата и преку ВПН за да не е проблем регионов зошто не не множат со 0 сите (кај Ауди мора да си надвор од Македонија со ВПН за да можеш воопшто да се регистрираш) али не оди. Наводно ќе ми се јават кога ќе испадне решение, што значи никогаш нема да ми се јават
Јас го имав сличниот проблем дури и при регистрација со Андроид. Мислам дека треба да се дозволи време од регистрација до повлекување на подесувањата од сервер кај нив. Јас кога дигнав раце, после 1 ден дури се појавја поставките.
Се би ресетирал, и би почнал од почеток со давање време да се искомуницира колата со нивниот сервер.
Инаку мислам дека услугата е безобразно скапа (цца 4500 мкд годишно) за двете опции, кои се „over the air" апгрејд на мапи и комуникација со возило преку апликација. Кај мене функционира со андроид, а завлекува кога праќам локација за навигација преку телефон.
Инаку има опција да купиш и дата пакет, да го регистрираш на пример преку хрватскиот дел на cubic telekom и да си имаш нет во ЕУ кога си таму, директ од возилото. За МК сеуште ја нема таа опција, како и опцијата за online закажување на сервис.
Да да, точно. Али проблемот е што Порше како да не се дилери на Сеат возилава. На пример преку апликацијата јас можам да повлекувам податоци од возилото но не можам да праќам. Односно можам да земам локација, податоци но неможам да ја заклучам колата, да уклучам светла, свирка и слично.... додека кај Аудито можам.
Кога ќе кликнам на некоја од тие поставки ми вика дека акаунтот мора да ми е одобрен од официјален Сеат Партнер. Секако дека се обратив до официјалниот Сеат партнер од кај што ја купив колата ама таму креваат раце. Наводно Шкодите знаеле како да ги направат ама Сеативе не знаеле.
Дојде еден дечко од од VW сервисот, наводно он се занимавал со тие софтверски работи за да ми објаснува дека чекале некоја потврда, сервер едно друго али накратко мубаетот му беше дека се исклучени од системот и дека неможат ни кодови за радијата да повлекуваат, неможат да порачуваат кодови за софтверот и слично па ако сум сакал можел да проба во Бугарија да им пише па Бугарите да побараат преку нив или да одам до Бугарија во Порше Софија за да се среди проблемот(проблемот со апликацијата). Ок си беше дечкото и искрено ми раскажа се така да неможам околу тоа да се пожалам.
Проблемот е во менаџментот на Порше Македонија кој изгледа го итнересира само да се слика со тоа полначите за ЕВ надвор што им се.
Што се однесува па до дата конекцијата, и двете возила се со виртуелна сим картичка и имаат нет и во Македонија и тоа вклучен е мислам 3 години без претплата при купување на ново возило. Односно не плаќам ништо а имам кај Сеатот.
Додека кај Аудито пишува дека сим картичката и дата пакетот се со важност од скоро неограничено (ќе сликам после ќе проверам).
Како и да е во Аудито ставив моја сим картичка за да има број во него па наместив преку неа да користам дата конекција, додека кај Сеатот како што кажав немам ништо фанато а има интернет возилото.