После 20години возење од истата програма, повторно одбран истиот бренд, Mazda.
Кога ја купував во дилема бев, дали да биде повторно јапонско, дали германско дека немам искуство со европско возило, па се појави и Alfa Romeo Mito Corleone хахах, и на крај сепак желбата и страста си го направија своето. Во игра беа повеќе возила, Голф 5, Сеат Леон итн.. меѓутоа сите дизели и превисока цена за старо возило, јас барав стриктно да биде бензинец. Па така изборот се сведи пак на азијска програма зошто до сега 20години сум возел тоа, читања, рецензии, муабети со стручњаци и механичари сите ме насочија на азијско и падна изборот.
Mazda 2
1.5 76kw 103hp
Производство 2008
137Nm
188km/h макс брзина
10.4с 0-100
Потрошувачка според фабрика 5.9 мене на борд ми стои 8.2
3885mm должина
1695mm ширина
1475mm висина
250L гепек мин
787L гепек макс
Опрема: Греачи на предни седишта, 10 воздушни перничиња, команди на волан, темпомат, Abs, DSC, итн.. магленки нема.
Потекло: Јапонија
Направен е мал сервис - масло 5w40 Total 9000, филтер за масло Hengst, филтер за воздух и кабина japanparts.
На отворено дефинитивно вожњата е уживање на брзина до 100км/ч, на автопат е бучна доста, фали 6та брзина. Си бара почесто шалтање на брзини. Моторот е измислен за оваа каросерија, одлично и лесно ја носи. Има малку тврда вожња ама нее на одмет, додуша е на 17ки и планирам да ставам 15-16ки
Регистрирана, на технички никаков проблем, подвозјето е камен а издувните гасови во нормала. Платено 14.000ден со се таблички.