Здраво друштво, одлуката падна за промена на возило. Би сакал да увезам F10 од Германија, 13-14к еур ми е крајна цена за таму и си планирам околу 5к трошоци за царина и регистрација и слично.
Имам две прашања, знам дека можам да побарам точна пресметка за царина, сега си правам некое планирање, дали имате осет колку е разликата помеѓу 530 и 530xdrive при увоз? Немам осет дали се 500 евра, 1000 евра или.. генералната пресметка за царина ми е јасна, но ова xdrive немам претстава колку ми менува.
Второ, секој совет во однос на верзија/мотор е добре дојден. Преферирам 3.0, но ако најдам добра 2.0 би ја зел. Одлучувачки фактор ќе е состојбата на возилото.