Автор Тема: Mazda 2 1.5 Sport (2008)  (Прочитано 1696 пати)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« на: 05 Февруари 2023, 16:40:53 pm »
После 20години возење од истата програма, повторно одбран истиот бренд, Mazda.
Кога ја купував во дилема бев, дали да биде повторно јапонско, дали германско дека немам искуство со европско возило, па се појави и Alfa Romeo Mito Corleone хахах, и на крај сепак желбата и страста си го направија своето. Во игра беа повеќе возила, Голф 5, Сеат Леон итн.. меѓутоа сите дизели и превисока цена за старо возило, јас барав стриктно да биде бензинец. Па така изборот се сведи пак на азијска програма зошто до сега 20години сум возел тоа, читања, рецензии, муабети со стручњаци и механичари сите ме насочија на азијско и падна изборот.

Mazda 2
1.5 76kw 103hp
Производство 2008
137Nm
188km/h макс брзина
10.4с 0-100
Потрошувачка според фабрика 5.9 мене на борд ми стои 8.2
3885mm должина
1695mm ширина
1475mm висина
250L гепек мин
787L гепек макс
Опрема: Греачи на предни седишта, 10 воздушни перничиња, команди на волан, темпомат, Abs, DSC, итн.. магленки нема.
Потекло: Јапонија

Направен е мал сервис - масло 5w40 Total 9000, филтер за масло Hengst, филтер за воздух и кабина japanparts.

На отворено дефинитивно вожњата е уживање на брзина до 100км/ч, на автопат е бучна доста, фали 6та брзина. Си бара почесто шалтање на брзини. Моторот е измислен за оваа каросерија, одлично и лесно ја носи. Има малку тврда вожња ама нее на одмет, додуша е на 17ки и планирам да ставам 15-16ки ;D

Регистрирана, на технички никаков проблем, подвозјето е камен а издувните гасови во нормала. Платено 14.000ден со се таблички.





« Последно менување: 05 Февруари 2023, 16:52:29 pm was »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #1 на: 05 Февруари 2023, 17:57:35 pm »
Со здравје да се вози.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #2 на: 05 Февруари 2023, 19:20:28 pm »
Создравје да се вози многу убав примерок

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6837
  • French diamond
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #3 на: 05 Февруари 2023, 19:48:24 pm »
Интересно изгледа во црно- бела комбинација.  Со здравје да се вози .

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29660
    • CARclub.mk
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #4 на: 05 Февруари 2023, 22:09:00 pm »
Прекрасно мало количе, JDM забава до бесвест. Мало rev-happy моторче. Со мерак да си го возиш. Ако веќе гледаш 16ки, барем гледај некои добри и лесни, со соодветно димензионирани гуми, уште подобро ќе оди и ќе држи.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #5 на: 05 Февруари 2023, 23:18:44 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4479347

Ако не се продадени.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #6 на: 06 Февруари 2023, 09:47:27 am »
Фала ви дечки, и вас да ве служи среќата.

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4479347

Ако не се продадени.
Ги видов. За сега ќе ја возам на 17-ве па на пролет ќе гледам да ги сменам таман со нов сет гуми здравје. Hankook-ов не се лоши вака можи да тераат уште ама не ме бендисуваат а и да не си играм со ризици.

Отсутен пеперутка16

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #7 на: 06 Февруари 2023, 11:49:29 am »
го обожавам :-*

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #8 на: 06 Февруари 2023, 12:03:08 pm »
Убаво изгледа,со здравје да се вози.
Бапни некоја слика од внатре.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #9 на: 07 Февруари 2023, 14:29:34 pm »
Слика од внатре заборавив да прикачам. Ставив навлака за волан, малце изгледа кринџ со неа воланов хах ;D



« Последно менување: 07 Февруари 2023, 14:41:50 pm was »

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #10 на: 07 Февруари 2023, 17:47:51 pm »
Odlicen izbor, so zdravje da se vozi :)
baska ima i greaci za sedista toppp.

Samo ovoa so navlakata za volan ne mi e jasno kako mozete da vozite :)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #11 на: 08 Февруари 2023, 12:19:25 pm »
Odlicen izbor, so zdravje da se vozi :)
baska ima i greaci za sedista toppp.

Samo ovoa so navlakata za volan ne mi e jasno kako mozete da vozite :)

Морав да ставам навлака зошто некако воланов премногу се лизга и клиза низ раце и второ нормално ради заштита. За кринџ е кринџ али јбг, нее страшно хаха, на почеток е чудно со "заштита" ама после ќе стани навика  ;D ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #12 на: 08 Февруари 2023, 12:52:31 pm »
Штом се лизга, за чистење е. Кожен е, така? Сија?

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #13 на: 08 Февруари 2023, 13:05:47 pm »
Штом се лизга, за чистење е. Кожен е, така? Сија?
Точно, гадно е кога ќе видам сјаен волан , тоа се нечистотии,чист кожен волан не сјае и не се лизга.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mazda 2 1.5 Sport (2008)
« Одговори #14 на: 08 Февруари 2023, 14:23:54 pm »
Штом се лизга, за чистење е. Кожен е, така? Сија?
Нее ни кожа ни гума, измеѓу нешто како скај и гума. Чист е воланот иначе, ама материјалов муе безврска нешто.