Ако те бива со алат можиш лесно да го извадиш сам EGR.
Доста пристапен е.
Јас го имам иститот мотор во 147.
Еве ти еден туторијал каде се наоѓа и како се вади и отвара.
https://ufile.io/maxu7Отвори го и исчисти го убаво со brake cleaner.
Кога веќе си таму отвори ја и клапната и таа исчисти ја. Тука најмногу се затнува, тука можиш слободно со шрафцигер да копаш и на крај пак со брејк клинер. Купи се 2 кантички брејк клинер, ќе ти се најдат.
Клапната се наоѓа одма после цревото за воздух што влегува во моторот. Го вадиш цел тој дел.
После тоа треба да го исчистиш и MAP сензорот.
Тој се наоѓа позади моторот, закачаен дирекно во блокот. Лесно се лоцира и одма се вади.
Вака изгледа...
Полека кај MAP сензорот има на средина една жичка да не ја скиниш. Не е како влакно, ама полека.
Ако се ова не извади резултати, тогаш барај кој од нив е дефектен и кој треба да се смени.
Исто така можи да имаш проблем со цревата од турбината до интеркулер и од интеркулер до моторот. Знаат да пукнат тие.
Лесно се приметува кога некое од цревата е пукнато. Првен ќе шушти кога ќе му натепаш гас, после ќе чади убав црн чад.
Пиши ако треба нешто дополнително помош.