Автор Тема: Проблем со ЕГР вентил  (Прочитано 5332 пати)

Отсутен tonim

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Проблем со ЕГР вентил
« на: 28 Јули 2018, 00:53:49 am »
Здраво дечки се работи за Алфа 159 1.9 120КС, пред некое време ми се вклучи сијличето „чек енџин“ го однесов во официјален сервис и дијагностиката покажа забележена грешка за ЕГР-от. Сервисерот го проверуваше на компјутер и таму покажуваше добри резултати (не се разбирам ама така ми рекоа, демек добар бил и покажувал од 0 до 100, ако се сеќавам добро). Ја избришаа грешката, сијаличето тој ден повеќе не светеше, ама утре кога ја запалив повторно го имаше „чек енџин“.

Во сервисот ми рекоа дека замена за нов е околу 120 евра, половен 80, а ми препорачаа да го извадам. Исто така ми рекоа да идам да ја издувам некаде па да видиме дали ќе се исклучи сијалицата. Ја возев 180-200 неколку минути меѓутоа сијаличето се уште свети. Исто така приметувам дека при забрзување некаде меѓу 1800-2000 рпм да изгуби снага но по 1 секунда (или побрзо) се враќа во нормала и си продолжува убаво.

1. Дали некој од вас имал ваков проблем и дали некој знае или има предолг како би можело да се санира.
2. Ако не може да се оправи, дали да се менува со нов или да се извади (бидејќи голем дел од сервисерите предлагаат вадање).

Отсутен mambo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #1 на: 28 Јули 2018, 09:14:50 am »
Pobaraj sprej za cistenje egr ventil. Nakaj 600 denari. Procitaj kako se prska imas na YouTube. Treba da ti zavrsi rabota
.



Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #2 на: 28 Јули 2018, 09:54:48 am »
Ако те бива со алат можиш лесно да го извадиш сам EGR.
Доста пристапен е.

Јас го имам иститот мотор во 147.

Еве ти еден туторијал каде се наоѓа и како се вади и отвара.

https://ufile.io/maxu7

Отвори го и исчисти го убаво со brake cleaner.
Кога веќе си таму отвори ја и клапната и таа исчисти ја. Тука најмногу се затнува, тука можиш слободно со шрафцигер да копаш и на крај пак со брејк клинер. Купи се 2 кантички брејк клинер, ќе ти се најдат.

Клапната се наоѓа одма после цревото за воздух што влегува во моторот. Го вадиш цел тој дел.

После тоа треба да го исчистиш и MAP сензорот.
Тој се наоѓа позади моторот, закачаен дирекно во блокот. Лесно се лоцира и одма се вади.

Вака изгледа...



Полека кај MAP сензорот има на средина една жичка да не ја скиниш. Не е како влакно, ама полека.

Ако се ова не извади резултати, тогаш барај кој од нив е дефектен и кој треба да се смени.

Исто така можи да имаш проблем со цревата од турбината до интеркулер и од интеркулер до моторот. Знаат да пукнат тие.
Лесно се приметува кога некое од цревата е пукнато. Првен ќе шушти кога ќе му натепаш гас, после ќе чади убав црн чад.

Пиши ако треба нешто дополнително помош.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #3 на: 28 Јули 2018, 12:21:55 pm »
Голема препорака е да го исклучиш со ремап и физички да го затвориш има да го живне моторот. Е веќе коа идеш да го гасиш напрај си ремап и дпф ерг офф на тој мотор ептен се осеќа. Нема сврлови и други заебанции што треба да се средуваат после тоа.
150 200 еур ти е трошокот.
Јас имам 2.4 вчера го изгасив и првите импресии се одлични.


Sent from my SM-J500FN using Tapatalk

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 452
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #4 на: 28 Јули 2018, 12:35:40 pm »
Голема препорака е да го исклучиш со ремап и физички да го затвориш има да го живне моторот. Е веќе коа идеш да го гасиш напрај си ремап и дпф ерг офф на тој мотор ептен се осеќа. Нема сврлови и други заебанции што треба да се средуваат после тоа.
150 200 еур ти е трошокот.
Јас имам 2.4 вчера го изгасив и првите импресии се одлични.
Aли само ако го возиш низ Македонија, и тука знак прашање кога ќе те пратат на вонреден технички :D
Hyundai Elantra 6th G

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #5 на: 28 Јули 2018, 13:18:46 pm »
EGR delete, 99% нема да покаже на технички зголемена емисија на издувни гасови. За DPF е друга прикаска.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #6 на: 28 Јули 2018, 13:33:35 pm »
Нигде нема да покаже на технички ако е во ред колата. Дпфот не е семоќен.

Sent from my SM-J500FN using Tapatalk


Отсутен tonim

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #7 на: 16 Август 2018, 15:42:48 pm »
Голема препорака е да го исклучиш со ремап и физички да го затвориш има да го живне моторот. Е веќе коа идеш да го гасиш напрај си ремап и дпф ерг офф на тој мотор ептен се осеќа. Нема сврлови и други заебанции што треба да се средуваат после тоа.
150 200 еур ти е трошокот.
Јас имам 2.4 вчера го изгасив и првите импресии се одлични.
Очекувано е да го живне моторот, ама замена со нов ЕГР е поевтино од ремапирање  :D


Ако те бива со алат можиш лесно да го извадиш сам EGR.
Доста пристапен е.

Јас го имам иститот мотор во 147.

Еве ти еден туторијал каде се наоѓа и како се вади и отвара.

https://ufile.io/maxu7

Отвори го и исчисти го убаво со brake cleaner.
Кога веќе си таму отвори ја и клапната и таа исчисти ја. Тука најмногу се затнува, тука можиш слободно со шрафцигер да копаш и на крај пак со брејк клинер. Купи се 2 кантички брејк клинер, ќе ти се најдат.

Клапната се наоѓа одма после цревото за воздух што влегува во моторот. Го вадиш цел тој дел.

После тоа треба да го исчистиш и MAP сензорот.
Тој се наоѓа позади моторот, закачаен дирекно во блокот. Лесно се лоцира и одма се вади.

Вака изгледа...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Полека кај MAP сензорот има на средина една жичка да не ја скиниш. Не е како влакно, ама полека.

Ако се ова не извади резултати, тогаш барај кој од нив е дефектен и кој треба да се смени.

Исто така можи да имаш проблем со цревата од турбината до интеркулер и од интеркулер до моторот. Знаат да пукнат тие.
Лесно се приметува кога некое од цревата е пукнато. Првен ќе шушти кога ќе му натепаш гас, после ќе чади убав црн чад.

Пиши ако треба нешто дополнително помош.

Фала ќе разгледам што може да се нарави :)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #8 на: 17 Август 2018, 08:36:00 am »
Кога егр от се исклучува дали освен што ќе живне моторот се осеќа нешто на потрошњата ?

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #9 на: 16 Декември 2022, 17:58:48 pm »
Дечки добар сервис за ЕГР вентил за Citroen Jumper во Скопје?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #10 на: 17 Декември 2022, 00:49:35 am »
Дечки добар сервис за ЕГР вентил за Citroen Jumper во Скопје?
За вадење или за ставање нов?

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #11 на: 17 Декември 2022, 11:03:09 am »
За чистење. За нов е лесно 🙂

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Проблем со ЕГР вентил
« Одговори #12 на: 18 Декември 2022, 01:44:28 am »
Какво чистење, гаси го.