Здраво на сите.
Од неодамна на старо имам купено Фиат Пунто Ево. Diesel Multijet 1.3.
Како ова (
https://www.youtube.com/watch?v=EBumz0zmvDk).
Уште од старт се појави еден мн чуден и непредвидлив проблем. Колата на прв поглед си работи супер , некогаш и со недели, но од ведро небо понекогаш ја гаси колата во сред вожња. Ова се случува интермитентно од кога ја купив и никој до сега не успеа да најде што се случува.
Со мајстори ојдов по зајача дупка, и до информации што собрав и што се менуваше е следново:
На колата бил изваден DPF филтерот и ЕГР вентилот. Така ми кажаа.
1. Ми чистеа регулатор за висок притисок.
2. Иам ставено нов акумулатор (start stop ).
3. Сменети филтри за нафта, уље и уљето и филтер за воздух сите.
4. Последно што беше ми го "поправаа" компјутерот демек не бил добро конфигуриран. (Имаше грешка со EGR вентилот, која не се дава на борд компјутерот но стоела во позадина кога се гледа на дијагностика, веројатно кога ваделе нешо не било доправено како што треба ).
Откако се смени #4 таа грешка не ја дава, но сега што е смешно е што колата гаси уште по конзистентно. И не знам дали ова е добра работа, најверојатно не, но барем би можел проблемот да се објасни во какви услови се случува најчесто.
Check Engine Од аспект на дијагностични кодови најчесто кога рикнеше Check Engine даваше:
1. P0089 : Fuel Pressure Regulator 1 Performance
(Но, кога оваа грешка ја фрла сама, колата не гаси туку само губи перформанси, а после 2-3 успешни трипа сама исчезнуваше и откако го исчистивме регулаторот за висок притисок воопшто се нема појавено.) 2. P0100 Code: Mass or Volume Air Flow “A” Circuit (
Секогаш кога оваа грешка се појави колата има изгасено, меѓутоа што е чудно е што не секогаш кога гаси фрла Check Engine . Некогаш не дава апсолутно ништо на борд компјутерот )
Успеавме после саат и нешто груба вожња на високи обратаи конзистентно 9 од 10 пати да ја изгасиме. И што е најзабележително секогаш се случува на угорнина во било која брзина кога малку побрзо качеш revs.
Тоа што ме интересира во овој безнадежен проблем е дали имал некој барем слично искуство како ова ?
И што би друго можело да ја гаси така непредвидливо колага при возење ?