Генерално правило за здрави финансии е дека колата не треба да ти кошта повеќе од 1 годишна плата, а домот не повеќе од 5 годишни плати. Односно ако зимаш 7К плата, можеш комотно да си дозволиш кола од 84000 евра и стан/куќа од 420000 евра
Ќе избегам и јас малку оф-топик.
За ова се слагам комплетно, иако пак е малку кнап. Како?
Би објаснил како земав јас кола (половна) со кредит од НЛБ. Колата (само купувањето) ме чинеше целиот кредит т.е 6500 евра.
Плата имам ~600 евра. Плус по некој тримесечен бонус. Годишно од плата имам 7200 евра.
Земав кредит (потрошувачки) во јуни 2020 од 400.000 денари (~6500 евра). Каматата на тие 400.000 денари е 40.000 т.е целиот кредит е 440.000 денари.
Кредитот е на три години (до јуни 2023) и имам уште 5 рати. Месечната рата е 12200 денари.
Да бидам искрен - заштедив и за одмори годиниве, викенди и имам ОК живот, меѓутоа кредит од 12200 денари на плата од цирка 600 евра е сепак премногу. Сакав побрзо да го исплатам кредитот и да не плаќам половна кола 5-6 години, но со помала месечна рата.
Не плаќам кирија и тоа ме спасува, меѓутоа уште живеам со моите. Сметките си ги делиме (моите плаќаат струја и вода, јас плаќам телекомуникации (мобилни, ТВ)). Храна сам си купувам со години бидејќи си терам мој режим на исхрана. Гориво сам ставам, сам си купувам се друго и не се сеќавам кога последен пат сум побарал пари од дома, да чукнам во дрво. Што е сепак нормално за човек на мои години. Едино што „не е нормално“ е што живеам со моите сеуште, меѓутоа тоа е што е, ќе гледам да го сменам и тоа наскоро.
Јас на оваа плата ни во најлуд сон не би се задужил со мој стан на кредит, да го плаќам 20-30 години. Неможно е, не би се издржувало, особено после последнава година. Еден ваков кредит (со овој сооднос рата - плата) ме уби на 3 години, не пак на 30. А има луѓе (и премногу) што се решаваат на таков чекор, со помали плати од мојата.
Може би размислил да си земам свој стан со дупла плата од оваа (~1200 евра) што сепак е реална за мојата струка. Да се надевам дека 2023 ќе донесе нешто.