Автор Тема: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми  (Прочитано 3016 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2423
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #15 на: 07 Октомври 2024, 07:36:05 am »
Иако поминаа две години од кога го поставив ова прашање, дури пред три дена монтиравме нова гаражна роло врата во зградата. Додека да се убедиме со станарите дека нова врата е најдобра опција поминаа две години. Требаше старата да ја правиме уште два пати за да сфатат дека ни треба нова врата. Старата беше со федери, сајли и повеќе беше магацинска врата отколку врата за дрндање по 100 пати секој ден.

Фирмата е ТДК, алуминиумска врата, цена 185.000 денари со комплет демонтажа на старата и монтажа ан новата, гаранција 2 години:
-  (ламели со дебелина од 77 мм исполнети со полиетаранска пена;
- осовина со дебелина од ф100 мм;
- мотор СОМФИ (француско производство) со јачина од 250 нм за интензивно користење.

Пред две години имавме убава понуда за германска врата (и мотор) со 5 години гаранција и цена некаде околу 150.000 денари, ама како што кажав тогаш не се сложија станарите (дојде еден будала кажа дека знае човек што може да ја направи старата, 5 минути работа било, ги разубеди останатите и така.... па излезе после полуремонт на сајли, федери, ролери, ама тоа е).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2344
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #16 на: 07 Октомври 2024, 07:41:51 am »
Ненормални цени јави се на Зоки имаш доживотна гаранција убедливо најдобар ви МКД за врати

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3081
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #17 на: 07 Октомври 2024, 22:44:36 pm »
Ненормални цени јави се на Зоки имаш доживотна гаранција убедливо најдобар ви МКД за врати

Пишан мејл и на него, ќе видиме :)

Edit 4 days later: Пишано мејл и на него и на дорс импекс и на други, од никој ни ал ни абер. Толку од професионалноста.
« Последно менување: 10 Октомври 2024, 14:27:51 pm smole »

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8157
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #18 на: 31 Декември 2024, 10:25:22 am »
Тешко функционира маил кај нас  :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7119
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #19 на: 01 Јануари 2025, 02:27:38 am »
Ненормални цени јави се на Зоки имаш доживотна гаранција убедливо најдобар ви МКД за врати

Пишан мејл и на него, ќе видиме :)

Edit 4 days later: Пишано мејл и на него и на дорс импекс и на други, од никој ни ал ни абер. Толку од професионалноста.
+389 78 396 058

Никола, дечкото врвен професионалец за врати гаражни.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1341
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #20 на: 02 Јануари 2025, 12:12:31 pm »
Доорс импекс, наплаќаат 50 ЕУР за дефектажа само да дојдат што после, ако ги одбереш нив, ти ги одбиваат од трошокот. Мислам релативно коректно,
Кај ламелните врати проблемот се генерално моторите на кои им црка кондензатор ( од 200 денари) ама никој не сака да го смени а 5 минути работа е. Полесно им е да сменат одма цел мотор, па ќе ти накалемат и дека електроника мора а со тоа и нови даљински и така... 2 проблем кај нив знае да бидат страничните чепови кои се разлокуваат при работа, па ке измрда некоја ламела и ке ги скрши главните носечки ламели (врзани на осовината).
Сегментните се посигурни како врати, ама генерално и повеќе коти за расипување особено ако гаражната врата е групна.

Дали овој Никола што го препорачувате исто така сервисира (роло) врати ?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7119
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #21 на: 02 Јануари 2025, 14:32:59 pm »
Доорс импекс, наплаќаат 50 ЕУР за дефектажа само да дојдат што после, ако ги одбереш нив, ти ги одбиваат од трошокот. Мислам релативно коректно,
Кај ламелните врати проблемот се генерално моторите на кои им црка кондензатор ( од 200 денари) ама никој не сака да го смени а 5 минути работа е. Полесно им е да сменат одма цел мотор, па ќе ти накалемат и дека електроника мора а со тоа и нови даљински и така... 2 проблем кај нив знае да бидат страничните чепови кои се разлокуваат при работа, па ке измрда некоја ламела и ке ги скрши главните носечки ламели (врзани на осовината).
Сегментните се посигурни како врати, ама генерално и повеќе коти за расипување особено ако гаражната врата е групна.

Дали овој Никола што го препорачувате исто така сервисира (роло) врати ?
Да, да, мене ми местеше мотор на стара врата од златна рака.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3081
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #22 на: 09 Март 2025, 10:40:49 am »
Ненормални цени јави се на Зоки имаш доживотна гаранција убедливо најдобар ви МКД за врати

Пишан мејл и на него, ќе видиме :)

Edit 4 days later: Пишано мејл и на него и на дорс импекс и на други, од никој ни ал ни абер. Толку од професионалноста.

Мејлот им отишол во спам на Доорсимпекс.

Со нив средено работа, каснеше испораката 3 недели повеќе од договореното, демек во Чешка на царина не ја пуштале за извоз бидејќи имало наводно руски делови. Колку е точно не знам ова, така ми кажаа.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2344
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Роло гаражна врата - понуда, сервис, проблеми
« Одговори #23 на: 09 Март 2025, 18:40:58 pm »
👍