Побарав да не има иста или слична тема ама не најдов, па мислам дека тука е најсоодветно да се лоцира темата.
Во зградата во која живеам, имаме проблем со гаражната врата, два пати се кинат сајлите што ја придвижуваат вратата. Вратата е во вид на мрежа/решетка, не е целосен панел (како и да се вика стручно), па не би требало да е тешка.
Како што разбравме, вратата ја монтирале од Паневски & синови. Последниот пат кога ја правеа, не поминаа 2 месеци повторно се јави проблем со сајлите.
Сега ни бараат некои 10.000 ден за да ја поправат, без гаранција. Добивме и несериозна понуда, во смисла они да побарале понуда во Германија за нешто поквалитетно, ама кога ќе стигнело тоа од Германија, дури тогаш ќе знаеле дали ќе треба да се менува и сетот на вратата, заедно со електроника или во превод, би не ставиле пред свршен чин да мора да го платиме и тоа, а немаме никаква претстава колку би чинело.
Морав малку вовед за проблематиката. Ми треба препорака за сериозна фирма која што работи со квалитетни делови и дава гаранција на сработеното, која би дошла да се запознае со проблемот, да даде мислење и да даде понуда. Да даде мислење дали е можно да ја средат механиката а да си остане старата електроника или ќе мора се комплет.
Воедно, може и за други работи да се договориме и за друга понуда, во смисла да поставиме уред за токени на влезната врата (сакаме да го тргнеме тоа со шифрата). Така да, би било добра некоја фирма со поширок опсег на опрема и услуги.
Би ве замолил за препорака, благодарам