Автор Тема: Играчка конзола?  (Прочитано 76147 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #105 на: 27 Јуни 2016, 20:25:59 pm »
Чим ти пишува 100-240V можеш кај нас слободно да го користиш. Бидејќи е купено во Канада претпоставувам дека делот од кабелот што влегува во штекер е ваков.

Ти ќе му купиш само едно вакво адаптерче кој се додава на веќе постоечкиот и не би требало да имаш проблем.


Баш проверував на мојот да ги видам спецификациите ама никаде не најдов да пишува некаде мада купен е од кај нас.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #106 на: 27 Јуни 2016, 20:28:44 pm »
Здраво клабери

Имам едно прашање,другар мој донесе од Канада PS4 UNCHARTED модел UCH-1215A и на задната страна пишува  100-240v,дали е потребно некој додатен адаптер,испраувач за да може да го игра тука.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

А коа ќе ја сврти анчартед, да не сака другар ти да смениме игра па и ја да ја свртам :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #107 на: 02 Јули 2016, 00:13:12 am »
Се исплати ли XBox 360 за 90 евра? На што треба да се внимава при купување на старо?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #108 на: 02 Јули 2016, 19:37:10 pm »
Да, супер цениче е. При купување на старо, треба да се пази дали работи ДВД-драјвот како што треба.

Јас би гледал со Кинект да е, да ги има оние моушн-контрол заебанциите. Пред некое време игравме Xbox Sports (или како и да се викаат) - ем интересно у друштво, ем прописно ќе се испотиш. :)

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #109 на: 20 Јули 2016, 15:52:28 pm »
Здраво клабери

Имам едно прашање,другар мој донесе од Канада PS4 UNCHARTED модел UCH-1215A и на задната страна пишува  100-240v,дали е потребно некој додатен адаптер,испраувач за да може да го игра тука.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

А коа ќе ја сврти анчартед, да не сака другар ти да смениме игра па и ја да ја свртам :)

Јас со Call of Duty ја купив конзолата ама после на Амазон си ја земав и Фифа 16. PS4 e најдобра конзола, имате Blue ray player,  може да се сурфа на интернет преку неа на ТВ а пред се одлична графика. Кога децана играат не знаеш дали е игра или утакмица во живо.  Сега електрониката оди со адаптер за струја од 100-230V, исто како и полначите за телефони и лаптопи, така да може да се користи кај нас, со адаптер или пак нов кабел со приклучок за кај нас.  Сега само уживање во играњето.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #110 на: 20 Јули 2016, 21:42:34 pm »
Размислував да купам нова конзола, но не знам што да одберам, дали Xbox One или PS4, ма да јас сум повеќе за ПС4... или пак да не излава нова конзола на ПС5 во скоро време? Некој да ми каже искуство и што е разликата помеѓу овие конзоли и што би препорачале? Јас би играл фифата и коли НФС... не сум баш за оние пукање игри како Кал Оф Дјути, некако ми е глупо на рачка, без маус и тастатура да се игра таква акциона игра...

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #111 на: 21 Јули 2016, 00:38:50 am »
Размислував да купам нова конзола, но не знам што да одберам, дали Xbox One или PS4, ма да јас сум повеќе за ПС4... или пак да не излава нова конзола на ПС5 во скоро време? Некој да ми каже искуство и што е разликата помеѓу овие конзоли и што би препорачале? Јас би играл фифата и коли НФС... не сум баш за оние пукање игри како Кал Оф Дјути, некако ми е глупо на рачка, без маус и тастатура да се игра таква акциона игра...

Искача xbox scorpio, а сони најави ps neo. Не се работи за нова генерација козоли, туку апгрејд на постоечката за вр и за 4к.

Сега како стојат работите, пс4 го јаде х бокс во секој можен сектор и топло ти го препорачувам.

Ако си загреан за хбокс, разгледај по страна кај го даваат за евтино. Сега имаше понуда во медиа маркет за 222е со игра и два контролери

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #112 на: 27 Јули 2016, 16:54:51 pm »
Јас неодамна гледав цени за PS4 во Македонија, и полека-полека се спуштаат.

Иако, реално, немам потреба. PS3-ката фаќа прашина. Треба да ја однесам да ја чипнам и да ми стават поголем диск. Некој да препорача некој тоа што го прави во Скопјево?

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #113 на: 31 Март 2017, 21:52:54 pm »
Капа доле.  ;D


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #114 на: 02 Април 2017, 13:13:27 pm »
И тоа видеово не е аплоудирано на 1ви Април!

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #115 на: 02 Април 2017, 13:56:17 pm »
За камиони возење може е прифатливо ова, ама ако се тркаш ќе се разлетаат мауси и картони насекаде уште во првата кривина ;D
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 193
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #116 на: 03 Април 2017, 17:18:02 pm »
дечки каде може најевтино да се набави ПС3 во македонија и дали во споредба со ПС4 е подобра опција (цена на игри, графика) или пак да гледам да набавам пс4?? имам пс1 и пс2 и од тогаш не сум во тек баш со плеј стејшните,,
SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #117 на: 03 Април 2017, 21:36:33 pm »
PS3 може да се џејлбрејк-не и да играш пиратски игрици. Колку што знам, PS4 уште не е пробиен.

Цената на игрите варира, и се од 25 до 65 евра. На ибеј има значително поефтино, али ќе бидат малку постари игрите. Јас на времето за мојата PS3-ка купував половни игрици од Amazon.co.uk, само мора да се испорачаат во Англија некаде на адреса, па после да ти ги препратат во Македонија.

Јас би земал PS4. Нема логика ако веќе ги даваш парите, да купиш стара конзола.

Отсутен amater

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #118 на: 03 Април 2017, 23:48:53 pm »
дечки каде може најевтино да се набави ПС3 во македонија и дали во споредба со ПС4 е подобра опција (цена на игри, графика) или пак да гледам да набавам пс4?? имам пс1 и пс2 и од тогаш не сум во тек баш со плеј стејшните,,
ПС4 нормално има подобра графика, ама ќе треба да бараш ефтино игри или да фрлаш доста пари по нови оригинали
ПС3 чипован, симнуваш игра од торент, режиш и играш

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #119 на: 04 Април 2017, 14:00:14 pm »
Не се чипуваат сите пс3

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk