Здраво дечки
Нов сум тука па ме интересира дали може некој да ми препорача ДОБАР мајстор за Рено. Се работи за Рено Сафран 1999 година 2.5 121киловат Бензинец(знам дека е стара кола но е одржаван Одлично) . Колата е бомба но имам проблем кој ме мачи неколку години уназад само Летно време. На големи горештини 36-7 степени колата загрева многу почнува да трокира и буквално педалата за Гас не постој колата губи сила ми се има десено на плетвар да претекнувам кола и почна да трокира на сред претекнување туражата се изгуби комплетно ме чувал господ. Од кога ке ја оставам 1 сат сат и пол да одмори колата лета пак. Променети сензор на радилица, термостат, турен нов антифриз, сензор за брегаста, свеќици нови, бомбина нова, рекоја дека дизните се во ред. Купив нова бензиска пумпа по барање на рено сервис во битола и ништо велат добра ти е старава. Некоја препорака дали може да се измери стара бензиска и некое друго мислење секое мислење е добредојдено или контакт од Добар мајстор. Ако се направи частам кафана.
Ви благодарам имајте убав ден