Автор Тема: Peugeot 308 sw  (Прочитано 16490 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Peugeot 308 sw
« на: 03 Јули 2022, 20:08:17 pm »
После 4 месеци возење да го претставам бродот :)
Пежо 308 sw 2011 година 1.6 88 kw bmw  мотор,јас го купив со 135.000 моментално има 141.000км реално задоволен сум од колата...
Од опрема поседува
7 седишта
Мануелана клима
8 пернички
Автоматски светла
Панорама(кој ја измисли струја да го утепа :) )
Автоматско затварање прозори итн.
Пљин потрошувачка се движи од 9-12 низ град зависи од стилот на возење
Ја купив со 4 нови зимски гуми и одма и монтирав 4 летни нови uniroyal.
Направено сервис идма чим ја земав уље и филтри, иначе на ланче е колата и кај нас сервисер за колава едвај се наоѓа...
Следно во план е да се затемнат задните стакла, да се најдат соодветни бандажи и палка за темпомат(има инсталација проверено е) и за годинава толку ке биде :)
Има некое интересен звук на високи обртаи и те тера на стискање затоа и си троши 12 литри
Некоја слика од надвор, внатре нареден пат кога ке ја исчистам како што треба :)


Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #1 на: 03 Јули 2022, 22:45:18 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #2 на: 03 Јули 2022, 23:53:54 pm »
So zdravje da se vozi, neznaev deka 308sw ima so 7 sedista opcija

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #3 на: 03 Јули 2022, 23:57:58 pm »
Со здравје да се вози!
Фала поубаво да си купиш, и фала на советите
So zdravje da se vozi, neznaev deka 308sw ima so 7 sedista opcija
И јас на тоа се израдував ми требаше кола со 7 седишта а да не е моноволумец, е сеа некако позади 6-7 седиште е некако тесно ама мислам за децата ке биде таман, до сеа ги немам намонтирано седиштата здравје септември ке видиме како ке биде

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #4 на: 04 Јули 2022, 14:24:02 pm »
Со срека нека е, убав примерок мењаш бренд али земја на потекло не :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #5 на: 04 Јули 2022, 21:06:54 pm »
Decko sozdravje da si go vozis sedmosedot. Ubavo da ve sluzi i mnogu bezgrizni kilometri so nego.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #6 на: 04 Јули 2022, 22:21:50 pm »
Пежо 308
7 седишта
Bmw мотор

Ништо од овие работи не ми се уклапаат заедно  ;D

Со здравје да се вози!!

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #7 на: 04 Јули 2022, 22:25:14 pm »
Со срека нека е, убав примерок мењаш бренд али земја на потекло не :D
Фала фала :) би сменил бренд ако ми донира некој audi a6 allroad
Decko sozdravje da si go vozis sedmosedot. Ubavo da ve sluzi i mnogu bezgrizni kilometri so nego.
Фала влатче
Пежо 308
7 седишта
Bmw мотор

Ништо од овие работи не ми се уклапаат заедно  ;D

Со здравје да се вози!!
Ја го унутра :)
Овој е вввти мотор го има и во мини :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #8 на: 04 Јули 2022, 23:31:23 pm »
Зашо неќеш панорама?
И зашо не е 1.6Хди 😁.
Со здравје возење и барање мајстор 😁

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #9 на: 05 Јули 2022, 07:11:21 am »
Зашо неќеш панорама?
И зашо не е 1.6Хди .
Со здравје возење и барање мајстор

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
Фала поубаво да си купиш
Мајстор си најдов :) пријател кој ги разбира моториве... Искрено дизел нејкам ама па и да сакам со мала километража тешко се наоѓа... Панорама да ама да живеам покрај јадранот негде па да ја отворам, низ скопје ако ја отвориш мозок ке ти зоврие и прашина ќе се најадеш... Секој ден сум во најголемата прашина хиподром -преку бриколаж накај кисела вода...

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #10 на: 05 Јули 2022, 07:30:57 am »
Pa koga ke bidesh na more otvorija ;)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #11 на: 05 Јули 2022, 07:52:51 am »
Со здравје да се вози колата, да те служи долго и без проблеми.
Колата „домашна“ е или CH CH? Имаше сервисна историја? Зошто баш караванка а не МПВ, некоја посебна причина?
Колата веќе беше плиносана кога ја купи? Моментално и те како се исплати плинче.
Во план си ланче и затезач да менуваш?
1000 зошто, 1000 затоа  :)
Инаку од искуство, имам панорама на Сеник-от ама никогаш не сум ја отворил, ми е страв да не се заебе нешто па поспе да пушта вода, вчера кога почна да мава град се криев под едно дрво. На сонце знае да запече тоа стаклото, ако има дебела фолија. Вака као убаво на изглед, ама само заради по некој поглед фрлен према небото, не ми би било опција за друг пат.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #12 на: 05 Јули 2022, 08:07:33 am »
Pa koga ke bidesh na more otvorija ;)
За еднаш годишно не се исплати
Со здравје да се вози колата, да те служи долго и без проблеми.
Колата „домашна“ е или CH CH? Имаше сервисна историја? Зошто баш караванка а не МПВ, некоја посебна причина?
Колата веќе беше плиносана кога ја купи? Моментално и те како се исплати плинче.
Во план си ланче и затезач да менуваш?
1000 зошто, 1000 затоа  :)
Инаку од искуство, имам панорама на Сеник-от ама никогаш не сум ја отворил, ми е страв да не се заебе нешто па поспе да пушта вода, вчера кога почна да мава град се криев под едно дрво. На сонце знае да запече тоа стаклото, ако има дебела фолија. Вака као убаво на изглед, ама само заради по некој поглед фрлен према небото, не ми би било опција за друг пат.
Фала поубава да си купиш
Колата е увезена од италија во 2015 година од братучедот :) он и намонтира плин и се возеше до пред година ипол на бугарски табли, ја зема до 90.000 од еден чичко со целосен сервис затоа и ја купив :) Бев со намера да купам акорд ама сите на оглас беа дизели а и искрено за кола од 2005 година не ми се даваат 5000€.
Ланчето сеа за сеа не штрака па ке видиме за понатека(ова не е гољф :) )
Ми требаше голема кола со 7 седишта (летоска стално позајмував) зет за сестра има вила во сутоморе и се оди по 3-4 пати летоска накај црна гора а ние сме 6 души и со цитроенот ми беше мачење :)
Иначе кога би купувал друга кола би ја избегнувал панорамата
Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #13 на: 05 Јули 2022, 08:23:14 am »
Цакум пакум колата, со здравје да се возиш.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Peugeot 308 sw
« Одговори #14 на: 05 Јули 2022, 16:47:42 pm »
По по по, шо мигранти се носат со ова од Гевгелија до Куманово

Со здравје да се вози, многу безгрижни километри… пази на завесата на панорамата, имам слушано дека слаба точка им е моторчето


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)