После тон маки стигнавме до 230.000км и сега за сега сме стабилни:
1. Прегревање на мотор 3 пати на автопат и шлепање (од кои еднаш од притисок летна капачето од антифризот) - Господ здравје да му даде на Спасе од Чаир - човекот најде 2 скапани цревца поради кои и трубината изгледа отишла првиот пат - башка ни денар не наплати за ова.
2. Менување сет кумплуг и замаец - исто кај Спасе
3. Машиснко чистење на ДПФ зошто и тој се запуши па се изрегенерира, ама ајде за секој случај се однесе и на машниско за мирна глава.
Пред година ипол ставени се Toyo OpenCountry A/T 3 гуми, а пред два месеци кај Влатко 4х4 во Стајковци почнавме да ја пимпаме за offroad:
1. Дистанцери напред и позади
2. Позади крената 7 цм, напред крената 5 цм, нова суспензија, нови спирали (позади е повеќе зошто фабрички беше позади пониска, сега е „навалена“ нанапред и при стискање веќе нема пролзигување на предни тркала и шетање на волан)
3. Подвозје темелно испрано, истругано, премачкано со комплет нова антикорозивна заштита, вклучително и трапови
4. Сменети уље во трансмисија и диференцијал
5. Нови гумици на балансштангла
Колата сега спие на автопат на големи брзини, со дистанцерите има ептен подобар хендлинг во кривини. Порано во кривини кај што морав да намалам под 110 км/х поради занесување, сега со над 130 не се занесува.
AWD системот се покажа како одличен! Пример, задно десно тркало е во воздух, предните се на странична косина од скоро 45 степени од лево кон десно и шлајфуваат, во Lock mode успешно ја вади со задно лево тркало.
Следен чекор ќе бидат нови гуми

Со Влатко ги мислиме КО3...
Закачив и неколку слики, а ќе закачам и нови.
Вкупната инвестиција кај Влатко 4х4 беше 1580 ЕУР рамно.
https://ibb.co/qLsctt0rhttps://ibb.co/mVRnDL8khttps://ibb.co/jZMYczkYПоследнава слика е пред кревање.
https://ibb.co/zTC6P11PИ ми останува уште ова да го намонитрам, веќе е стигнато: Wolfbox G900 TriPro
https://ca.wolfbox.com/products/wolfbox-g900-tripro-bumper-version-3-channel-rearview-mirror-camera