Автор Тема: Прашање во врска со полномошно.  (Прочитано 7121 пати)

Отсутен Pashanim

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Прашање во врска со полномошно.
« на: 03 Јули 2022, 08:54:24 am »
Здраво на сите,
Следнава недела ќе патувам за грција и налетав на една работа што стварно не ми е јасна. Вадев меѓународна дозвола од амсм и на шалтер бев известен дека ќе ми треба и полномошно за управување со возилото поради тоа што возилото е регистрано на татко ми, нормално јас веќе си ја имав завршено таа работа на нотар за 150 денари и бев информиран дека бараат полномошно на македонска граница но ме збуни фактот што ликот во амсм инсистираше дека ми треба полномошно издадено од нивна страна што кошта околу 800 денари. Прашањето ми е дали полномошното од нотар е валидно или морам да вадам полномошно од амсм?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30063
    • CARclub.mk
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #1 на: 03 Јули 2022, 09:08:27 am »
Нотарското полномошно ти е валидно само во рамките на Македонија. За меѓународно патување ти треба „Одобрение за управување туѓо моторно возило во странство“ и можеш да го извадиш во АМСМ, ПСС, Сојуз на Возачи, итн.

Се пополнува краток формулар и ти требаат сообраќајната дозвола од возилото, како и твојот пасош. Одобрението кое ќе го добиеш мора да е потпишано и од страна на сопственикот на возилото и од страна на возачот (т.е. твоја). Во суштина, повеќе нашите на граница ја бараат дозволата, ама ми побарале и други.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #2 на: 03 Јули 2022, 09:10:43 am »
„Полномошно” моментално е најевтино во ПСС - 400 денари.

Sent from my...


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #3 на: 03 Јули 2022, 13:38:58 pm »
За да немате потреба од полномошно можиш да се пишиш во сообраќајната дозвола како корисник.
Така да 206-та шо ја вози татко ми во Мк се води на мое име ама кога земавме таблици и сообраќајна го в пишав него како корисник и со самото тоа можи да се движи секаде и надвор од Мк без потреба од полномошно.
А настрана од тоа му имам даено и полномошно да можи да прави шо сака со колата. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #4 на: 03 Јули 2022, 13:48:11 pm »
Јас да сум татко ти, одма спуштање, бандавчиња, најшироко гуми, бесен издув...ми е гајле што ќе рече синот ;D

Отсутен TDM

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #5 на: 03 Јули 2022, 13:49:01 pm »
А дали треба да се вади Одобрение за управување туѓо моторно возило во странство, за Грција, ако сопственикот на тоа возило е во самото возило, а го управува друго лице кое патем има меѓународна возачка дозвола?

Sent from my Mi 9T using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #6 на: 03 Јули 2022, 13:52:28 pm »
Одобрение за управување туѓо моторно возило во странство - се вика документот. Не е Одобрение за седење на сувозачко, додека друг го управува возилото.
Може џандар да тинсе закачи, а може и не...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен TDM

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #7 на: 03 Јули 2022, 13:57:49 pm »
Одобрение за управување туѓо моторно возило во странство - се вика документот. Не е Одобрение за седење на сувозачко, додека друг го управува возилото.
Може џандар да тинсе закачи, а може и не...
[/quote ]

Не си ме разбрал правилно.
Знам како се вика документот.
И знам дека служи за да се утврди волјата на сопственикот на возилото односно дека е согласен неговото возило да биде изнесено надвор од држвата од страна на друго лице, односно дека возилото не се изнесува против волјата на сопственикот, т.е. дека возилото не е украдено од сопственикот.

Прашањето ми беше, што во случај кога сопственикот е присутен во возилото и кога самиот може да каже дека е согласен да биде изнесено од државата неговото возило, од страна на лицето кое го управува и кое лице седи до сопственикот на возилото?

Не ми беше јасно, зошто имав слушнато дека ако сопственикот е во возилото, а го управува друг, дека не е потребно таквото одобрение (зошто сопственикот е во возилото, т.е. со се него се преминува границата, само што сопственикот не го управува возилото, туку друго лице).

Sent from my Mi 9T using Tapatalk
« Последно менување: 03 Јули 2022, 15:26:25 pm TDM »

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #8 на: 04 Јули 2022, 06:57:51 am »
Ова прашање лесно се рашава на тој начин што сопственикот ја поминува границата возејќи, а потоа другиот продолжува.

Е сега не знам зошто некои, можи заради кредити/социјално и сл, сопственик на колата ја пишат бабата, а бабата не знае да вози.  ;D
Сигурно кај тебе е вака, сопственикот не знае да вози, па прашај на технички за најсигурно, ама за пари ќе ти речат треба, и да не треба.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #9 на: 04 Јули 2022, 07:17:07 am »
А дали треба да се вади Одобрение за управување туѓо моторно возило во странство, за Грција, ако сопственикот на тоа возило е во самото возило, а го управува друго лице кое патем има меѓународна возачка дозвола?

Sent from my Mi 9T using Tapatalk
До сега никој не ми направил додека сопственикот е во возилото, а тоа дали осигурителна компанија при несреќа во странство ќе ти бара и сида тест со цел да не ја исплати штетата, а уредно си плаќаш зелен картон, е тоа е друга прича и не знам одговор.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #10 на: 04 Јули 2022, 08:37:59 am »
Не си ме разбрал правилно.
Знам како се вика документот.
И знам дека служи за да се утврди волјата на сопственикот на возилото односно дека е согласен неговото возило да биде изнесено надвор од држвата од страна на друго лице, односно дека возилото не се изнесува против волјата на сопственикот, т.е. дека возилото не е украдено од сопственикот.

Прашањето ми беше, што во случај кога сопственикот е присутен во возилото и кога самиот може да каже дека е согласен да биде изнесено од државата неговото возило, од страна на лицето кое го управува и кое лице седи до сопственикот на возилото?

Не ми беше јасно, зошто имав слушнато дека ако сопственикот е во возилото, а го управува друг, дека не е потребно таквото одобрение (зошто сопственикот е во возилото, т.е. со се него се преминува границата, само што сопственикот не го управува возилото, туку друго лице).

Sent from my Mi 9T using Tapatalk


Идејата е, ако се деси недајбоже некоја ситуација, може да ти се закачат властите. Сообраќајка или сл. Зошто си управувал ти, а не сопственикот и сл. заеби. Или ако сопственикот е у хотел, а ти си излегол на журка у соседното село, пак џандар те фаќа и немаш полномошно, може да ти се закачи, секако нема да проверува дали и сопственикот преминал граница со тебе. Затоа ти треба тој документ. Може и нема, негово право е да ти побара или не. Твоја обврска е да имаш. Не е лошо да си стои у кола за мрино море.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен TDM

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #11 на: 04 Јули 2022, 10:03:14 am »
И на тоа помислив. Сопственикот знае да вози, и има и возачка, но за да не вади меѓународна возачка. Зошто нели, на граница може, доколку вози сопственикот (за само да ја премине границата), да му побараат и меѓународна. Инаку за другар прашувам.


Отсутен TDM

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #12 на: 04 Јули 2022, 10:06:10 am »
Идејата е, ако се деси недајбоже некоја ситуација, може да ти се закачат властите. Сообраќајка или сл. Зошто си управувал ти, а не сопственикот и сл. заеби. Или ако сопственикот е у хотел, а ти си излегол на журка у соседното село, пак џандар те фаќа и немаш полномошно, може да ти се закачи, секако нема да проверува дали и сопственикот преминал граница со тебе. Затоа ти треба тој документ. Може и нема, негово право е да ти побара или не. Твоја обврска е да имаш. Не е лошо да си стои у кола за мрино море.

Е ова веќе држи вода. :) Најдобро е да се извади.
Фала Ви на сите за одговорите.
« Последно менување: 04 Јули 2022, 10:11:58 am TDM »

Отсутен HoLfElDeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Прашање во врска со полномошно.
« Одговори #13 на: 04 Јули 2022, 10:24:24 am »
Пред 5-6 години со друштво измајмивме автомобил од човек, ниту полномошно имавме, ниту ништо, освен зелен картон и цепај за Грција, немавме никакви проблеми, ама толку знаевме