Гласање

Кое од овие возила би го ПРЕПОРАЧАЛЕ на својот најдобар пријател до 10.950 евра?

Сузуки Свифт
Форд Фиеста
Цитроен Ц3
Тојота Јарис
Опел Корса
Фиат 500

Автор Тема: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!  (Прочитано 62257 пати)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #150 на: 08 Декември 2011, 11:21:07 am »
Stepway 1.5 dCi 11.740

На оваа цена мислам дека има 1600е. попус со акцијава што е во тек.


Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #151 на: 08 Декември 2011, 11:22:05 am »
Подвозјето на дастерот е од дачиа логан,а погонот 4х4 го користи од нисан х-треил,мотор како што е на сите познато од рено.
Се на се е направено солидна комбинација за сиромашни пазари како што е нашиов,а далеку е од било кој Нисан,цената си го кажува своето.
Мислам дека секој кој би имал пари ќе си купи Нисан пред Дачиа.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #152 на: 08 Декември 2011, 11:23:10 am »
Дастер со 1.5dCI и не е така лоша опција, ама не е за во класата на возилото кое се бара.
Добар предлог ама 1.5 дЦи е над 10950 еур http://dacia.mk/modeli-dacia/duster/cenovnik.html ама излеа ќе може да се извлече некој попуст кој ќе биде приближно до цената. За тие пари мислам дека е одличен избор пошо подвозјето е на платформа на нисан, луѓето шо даваа 20 + иљади за нисан пред неколку години сеа го има  за 12000 еур и + 5 години гаранција

море кога даваат за нисан сигурни се што купуваат, јас за Duster не би дал пари
А си слушнал дека Рено и Нисан се во алијанса а Дачиа е во потполна сопственост на Рено и дека возилата Дачиа се ефтини бидејќи во нив се искористуваат постари технологии кои Рено и Нисан ги користеле да речеме пред 5-6 години
Пример: Сандерото е изградено на платформа на Клиото кое се произведуваше до пред 5 год.


Фала што ме просветли за ова како се исповрзани
и ова као значи дека е ок??? Тоа што ја користат нивната механика значи дека се исти, мислиш дека нисан во Јапонија го прави тоа што треба и го испорачува на Дачиа???


Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #153 на: 08 Декември 2011, 11:24:49 am »
Па ако се рекло дека има поддвозје од таа и таа кола вие мислите ли дека тоа е истото подвозје по квалитет на материијали, изработка и сл?

Ист е само нацртот со техничките спецификации ете тоа е исто, другото се е Made in Chausesku!

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #154 на: 08 Декември 2011, 11:29:43 am »
Па ако се рекло дека има поддвозје од таа и таа кола вие мислите ли дека тоа е истото подвозје по квалитет на материијали, изработка и сл?

Ист е само нацртот со техничките спецификации ете тоа е исто, другото се е Made in Chausesku!

очигледно е најдобриот маркетиншки момент бидејки сите се убедени во тоа

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #155 на: 08 Декември 2011, 11:30:23 am »
Бујрум,ја поише им верувам на нашиве

http://www.avtoplus.com.mk/?pid=2242

Dacia Duster е развиен на платформа преземена од  Logan со предно потпирање  од типот Mac Phearson со трикраки рамења. Во 4Х4 верзијата задното потпирање е со  multi-link, а кај 4x2 е со оска во булвата 'H'  која со ндеформирачкот профил овозможува повеќе место во багажникот.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #156 на: 08 Декември 2011, 11:33:11 am »
Ја отрувме темава со дачиа,ке го налутиме Дени,мислам дека е доста.

Уште ова:http://www.avtoplus.com.mk/?pid=1762

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајт
« Одговори #157 на: 08 Декември 2011, 11:49:26 am »
Па ако се рекло дека има поддвозје од таа и таа кола вие мислите ли дека тоа е истото подвозје по квалитет на материијали, изработка и сл?

Ист е само нацртот со техничките спецификации ете тоа е исто, другото се е Made in Chausesku!
А што викаш за Сеат Ексео кое викаат дека е градено на платформа на А4 и луѓето кои дале 40 000 еур за Ауди сеа можат да го купат истото за дваесетина иљади евра само со друго лого?

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #158 на: 08 Декември 2011, 11:51:59 am »
Па ти веруваш ли во тоа....? Тоа е како што кажа Марче погоре, многу добра реклама!

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #159 на: 08 Декември 2011, 11:52:54 am »
VW AG и Рено и Нисан се сосема различен концеп а ценовнава разлика ти е за на битпазар

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #160 на: 08 Декември 2011, 11:53:14 am »
Да се продаваше кај нас со оваа значка ќе кошташе 20% повеќе.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #161 на: 08 Декември 2011, 11:53:47 am »
Ама Дизастерот е големо возило за во град. Каде ќе го паркираш?
Не е којзнае колку големо димензиите му се слични исто како на возило од средната класа
И тоа стана премногу за во градов. :(

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #162 на: 08 Декември 2011, 11:54:39 am »
Ама Дизастерот е големо возило за во град. Каде ќе го паркираш?
Не е којзнае колку големо димензиите му се слични исто како на возило од средната класа
И тоа стана премногу за во градов. :(

toyota IQ , само малце на цената да поработат ;D

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #163 на: 08 Декември 2011, 11:57:14 am »
VW AG и Рено и Нисан се сосема различен концеп а ценовнава разлика ти е за на битпазар
Види колку е нова А4 и види колку е нов Ексео па после ќе праиме муабет.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #164 на: 08 Декември 2011, 11:58:11 am »
Не бе какво љутење, ипак ова е форум. Може и друг ќе се најде во темата. :) Сепак Дастерот ќе е со екстремно ниска опрема, и ќе изгледа лошо заради раткапните и неофарбаните браници. А и името Дачија, сеуште си има еден шмек кој не го сакаат луѓето. За такво возило мора дизел, а гледам дизелов го нудат само со жали-боже опрема.
Не, не. Џипче ми е wasteful кола, која кога веќе плаќам плус за гориво и сервиси, пре би сакал да е некоја побрза кола, отколку некоја повисока кола.

Ексеото ми е катастрофа која не вреди да ја погледнам. Грозота.

Поентата за мене секогаш е да има повеќе место внатре, а да е помало надвор. Ретко кој производител се додржува до тоа. Сите прават ПОГОЛЕМИ И ПОГОЛЕМИ коли кои имаат реално исто место внатре. А дека се апсолутно непрактични, тоа може да го видиме ако ги споредиме со димензиите на Југо, пеглица и Голф 1.