Јас некако Свифтов ми е нај булитпруф, и тоа посебно ме влече накај него. И потрошња и сервиси, се му оди во прилог. Е сеа не е нешто баш на изглед, ама може да се среди. Фиестата е обвиос чојс, особено што може со тешки и судни маки и молења да се набави ултра измолен дизел агрегат, како овој што јас го имам. Или да се земе бензин титаниум. Вечна дилема, ама јас идам на безнин па што биде нека биде. Е сеа, свифтот бензинец троши доста блиску до фиеста дизел во град... 6-7 литри... Многу некако влече накај него...
А фиат 500, е лепота малишанска! Многу мерак прави! А и моторчето 7 и ситно троши во град не е лошо.
Ц3 поим немам што мотори на бензин имаат, некако цитроен ми делува расипливо. Дали е до мене или не, некако таков впечаток ми има оставено. А и другарка со 206 бензинче ретко под 10 да потроши.
Јарис - Мех...
Опел - им се свиѓало Опел, некако чуле дека е добро. Е сеа, јас со опел, па уште мал... добри искуства слабо. Корса... Штознам. Знае некој, потрошња и сервиси на тоа бензинчињата? Ги бива ли? Јас не би, ружна ми е Корсата.