Нотарското полномошно ти е валидно само во рамките на Македонија. За меѓународно патување ти треба „Одобрение за управување туѓо моторно возило во странство“ и можеш да го извадиш во АМСМ, ПСС, Сојуз на Возачи, итн.
Се пополнува краток формулар и ти требаат сообраќајната дозвола од возилото, како и твојот пасош. Одобрението кое ќе го добиеш мора да е потпишано и од страна на сопственикот на возилото и од страна на возачот (т.е. твоја). Во суштина, повеќе нашите на граница ја бараат дозволата, ама ми побарале и други.