Со поминати 13к км и нешто повеќе од година дена со мојот "Scamiq", да пишам збор два.Потрошувачката просек помеѓу 5.5 и 6.
Иако само 1.0, поубава ми е вожњата на отворен пат и автопат отколку во град. ДСГ то знае понекогаш да затрза при менување во помала
брзина кога е во "С", посебно во прва, исто кога е добро загреан има некое тивко метално тропкање во "Д", при активирање и деактивирање на "coasting", и при возење со вклучен "coasting" по нерамнини. Познати работи кај новиот сув ДСГ7 dq200, има простор за усовршување на истиот.
Она што е најслаба страна на колата според мене е слабата изолација одоздола, преку гумите се се пренесува внатре побучно отколку што би требало. А не е до гумите , тие се со комфорни димензии , 195/60 р16, меки за сите сезони и со индекс 68 децибели. Другите поситни работи што ми сметаа, крцкање на гумите на вратите, појако тресење на ауспух во лер и сл. ги средив сам, немаат слух во сервис за такви работи, те гледаат бледо и молчат кога ке почнеш со замерките. Се на се солиден автомобил, за 18к доста добив, со оглед на тоа што конкурентите со исти димензии опрема и менувач сега се над 25к.