Со среќа новата кола и да се вози во здравје. Пред една година бев загреан за Октавиа 2014 со ваков мотор ама ми излегоа други работи, а 7-цата ми е посебно допадлива (симпатии од кога возев 5-ка едно 7 години) и секогаш ми мами поглед.
Дали после ремап-от има промени во потрошувачката на гориво и колку чини ремап за овој мотор, ако не е тајна?
Благодарам. Ремапот ме чинеше 260еур, не знам дали е таа цена за сите или е цена за мене, повеќе коли сум му однел па би требало да спушти некое евро. Глупо ми е да се ценкам, а и не ми оди многу од рака тоа.
Не можам да ти кажам за потрошувачката затоа што не го возев ни 24ч со оригиналната мапа но колата троши ептен малку, дури и мислам дека бордот лаже
105ката има 6 брзини ова е со 5 брзини, ама има повеќе разлики не е само турбото.
120 оди на 2600 обртаи, не знам како е кај 6 брзинскиот но мислам дека треба да е пониско.
Создравје да си го возиш, но прво стави му бандаж, не го личи вака.
Активно работам на случајот, барам нешто интересно, ваљда ќе излезе некоја комбинација а да не е кинеска.
Да го гледав, ептен си го средил, мене не ми се даваат пари освен за бандажи и стакла. Сакав темпомат и друг волан ама ако тргнам ќе завршам у аутокинг по лед фарови и штопови и знам дека тоа нема крај и дека се узалуд фрлени пари.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Убаво си кажа, тие работи плус команди на воланот ако можат да се вградат. Со здравје да се вози количето и само мерак нека ви носи.
Ако излезе некоја комбинација да најдам цел кожен ентериер од крадена или растурена во србија би отишол и да стават кожни седишта, тапацири, навигација, волан со команди и темпомат и останати работи што ќе го разубават. од еден ист се да се пресади да не одам по 5 различни плацеви.