Автор Тема: Кралот на класата Голф 7  (Прочитано 11561 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Кралот на класата Голф 7
« на: 22 Март 2022, 19:09:09 pm »
Кола која што ќе проба да ми ја ублажи тагата по продажбата на пасатот кој што и после 3+год не можам да го преболам.
Случајно отворив реклама, немав намера да купувам кола, ајде ставив возила до 50000км да видам како стои понудата и ми излезе овој бел убавец. Гледам се продава од МКМ ауто, салонот на нашиот пријател овде @andrej_111 . Му пишав, рече дека стои зад колата и дека вреди да се погледне. Отидов, не ја ни погледнав детално, седнавме и по 1км си дадовме рака.

Колата е „како нова“ имаше поминато 34200км кога ја земав. Нема некоја посебна опрема, туку основни работи кои што се задолжителни за 21век.

По неполни 24ч си доби чип кај матичниот Зоки во Степон и стана 130кс. Фабрички е 1.2тси со 85кс.
Барам добар мајстор во мк да ми ги затемни стаклата
Ако излезе добра понуда на бандажи ќе ставам поголеми алуминиумски, вака е со раткапни и 15ки.
Дополнителни влогови не планирам.

Следат слики, не сум профи сликар но ок се. Ако има прашања слободно.












« Последно менување: 22 Март 2022, 19:17:05 pm MAPJAH »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #1 на: 22 Март 2022, 19:14:55 pm »
Слава му Голфовска  :) Со здравје да се вози, без никакви проблеми и само на убави места да ве носи.
Голф во изведба која што е означена со непарен број секогаш е добар и правилен избор.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #2 на: 22 Март 2022, 19:19:24 pm »
Благодарам @Sase_91 не е од најубавите како на @Dodo ама ќе го стокмиме.

@Tony Повеќе коли мои и на блиски луѓе правел и човекот е ок. Голфов се осети многу сепак се 45кс разлика. Бандажи не знам шо бројка да му ставам, 17ки да не му се тешки...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #3 на: 22 Март 2022, 19:27:02 pm »
Со здравје да се вози.

Чисто се сомневам дека ќе ти ја ублажи тагата по Пасатот...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #4 на: 22 Март 2022, 19:30:59 pm »
Со здравје да се вози.

Чисто се сомневам дека ќе ти ја ублажи тагата по Пасатот...
Благодарам, знам дека е така но ајде да се залажувам малку. Кажи ми што да напрскам/намачкам по ентериерот многу ме нервира што се прави се прашина. Ја чистев 3ч пред зграда, ја оставив на технички и отидов да одјавам таблици. Кога се вратив гледам ја оставиле со отворен прозор лом внатре од ветерот…


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #5 на: 22 Март 2022, 19:39:34 pm »
Благодарам @Sase_91 не е од најубавите како на @Dodo ама ќе го стокмиме.

@Tony Повеќе коли мои и на блиски луѓе правел и човекот е ок. Голфов се осети многу сепак се 45кс разлика. Бандажи не знам шо бројка да му ставам, 17ки да не му се тешки...

АРЈАН прво честитки и со здравје да се вози колата, мн безгрижни километри да си видиш. Во врска со бандажите ќе ти споделам лично искуство па твое е да си најдеш што ти одговара. Кај мене е независно вешање позади така да до некаде треба да е малку повеќе комфорна на вожња. Со фабричките 18ки по нашите улици и патишта не е баш, мене лично ме нервира, мала улога игра и гумата до душа, Бриџстонот не ми прави ќеф ама тоа е. Зимски возам 17ки алуминиумски и има осетна разлика помеѓу двете димензии и мислам дека не би претставувале проблем во разликата за тежина кај тебе со оглед на тоа дека ја имаш чипувано... нејсе од фабрика ја даваа со тој мотор и со алуминиумски 17ки бандажи во повисоко ниво на опременост.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #6 на: 22 Март 2022, 19:43:32 pm »
Со 17ки би изгледала поубаво, ќе троши пола литар повеќе и знам дека ќе биде по неудобен од што е моментално. 16ки ќе бидат најдобри но нема некои интересни, а да не се кинески. Не брзам, се заложи и голем форумаш од дијаспората да најде нешто па ќе видиме како ќе излезе на крај. Благодарам за честитките, нека се враќа секому по желба.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #7 на: 22 Март 2022, 19:46:08 pm »
Со среќа голфо,штета шо не е пасат шестак 😁

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #8 на: 22 Март 2022, 19:49:25 pm »
Нека намалат давачки да возиме Артеон 280кс, до тогаш 1.2 :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #9 на: 22 Март 2022, 19:55:53 pm »
Со здравје да се вози, Стакло Панчево.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #10 на: 22 Март 2022, 20:12:16 pm »
1000 еур ќе ме фати сет за премиум гуми и кинески бандажи кај нас. Ќе си најдам од Германија, од Ханс што го сменил голфот и не му требаат  оригиналните и ќе ги земам за 300/350еур со гуми што ќе тераат минимум 2 лета.

VW Dijon модел го меркам, тој ми е фаворит.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #11 на: 22 Март 2022, 20:21:08 pm »
Со здравје да се вози кралоТ ГољФ. Убав примерок си начекал.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #12 на: 22 Март 2022, 20:23:30 pm »
Кај Голф па и бел!
Не ти е срам? ;D
Се шалам, Голф си е Голф, макар и неисфарбан. Со здравје да се вози.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #13 на: 22 Март 2022, 20:24:30 pm »
Со здравје да се вози Мацко, многу безгрижни километри. Убав Голфот.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Кралот на класата Голф 7
« Одговори #14 на: 22 Март 2022, 20:37:35 pm »
Со здравје да се вози, ама Голф што не е тди некако не ми е голф,  дали ептен долго се задржав на балканов па заостанав со менталитетот 😂