Автор Тема: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI  (Прочитано 21982 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #30 на: 21 Април 2022, 09:46:03 am »
21.04.22 промена на шофершајбната. Од ЕделПром порачана била, платив 150 евра, па ке чекам осигурителната да вратат пари на трансакциска.
Од претходно, променет филтер за полен со активен јаглен - 380 денари
12.04.22 променета десната манжетна - 980 денари.

Останува да побарам нареден месец бандажи челични, па да се земат зимски гуми за нив.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #31 на: 28 Мај 2022, 00:05:41 am »
Ми излезе проблем со клучот, не работи централното. Сменив и батерија нова, исчистив плочката и ништо.
Поголема мака е тоа што кога заклучувам во брава, се заклучува само возачката врата, другите не. Има некое чаре за ова?

Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #32 на: 28 Мај 2022, 00:33:43 am »
Da vidis so Mile kaj higienski 🤔

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #33 на: 28 Мај 2022, 02:08:38 am »
Отиди предота и до М-Кеш за кредит. Еден од најлошите мајстори со кој што сум пробувал да соработувам е тој од Хигиенски. Кај не знае што работи па и мисли дека е неврохирург. Пробај со Дарко од Кисела Вода електричарот, неколку пати поефтино и десетици пати по професионален и запознаен со проблематиката.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #34 на: 28 Мај 2022, 07:11:05 am »
По тежок човек од тој Миле не постои.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #35 на: 28 Мај 2022, 07:45:19 am »
Само кај Нено - Авто Клиник во Маџари.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #36 на: 28 Мај 2022, 10:44:27 am »
Не ти работи централното или не ти работи воопшто клучот т.е не дава сигнал ?

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #37 на: 28 Мај 2022, 11:46:08 am »
Пробај со синхронизација,прочепкај по нет како е за корсата

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #38 на: 28 Мај 2022, 12:01:45 pm »
https://www.youtube.com/watch?v=HUmLrjW_AF0

Пробај со оваа метода, или побарај по нет за синхронизација за твојот модел дали е на друг начин.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #39 на: 28 Мај 2022, 23:36:22 pm »
Taka se sihronizira klucot na astra g kako na videoto neznam i na korsata dali e taka ....

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #40 на: 29 Мај 2022, 14:06:41 pm »
Da vidis so Mile kaj higienski 🤔
Отиди предота и до М-Кеш за кредит. Еден од најлошите мајстори со кој што сум пробувал да соработувам е тој од Хигиенски. Кај не знае што работи па и мисли дека е неврохирург. Пробај со Дарко од Кисела Вода електричарот, неколку пати поефтино и десетици пати по професионален и запознаен со проблематиката.
Хаха, баш така... Не можам да го смислам тој човек, баш како што викаш мисли дека е Балтазар и дека живее во Германија со цениве што ги наплаќа.
Не ти работи централното или не ти работи воопшто клучот т.е не дава сигнал ?
Sent from my SM-J600FN using Tapatalk
Централното не работеше, клучот работеше, имобилајзер и слично немаше проблем.

Благодарам за линковите погоре, ги видов па пробав и се управи клучот. Не знам како дошло до тоа, но ете сега за сега фунцкионира. Се вратив од работа, вадам клуч од брава и да заклучам, ништо...

Во тоа "скриеното мени" кај што се P1-P6 кај мене го нема тоа за селективно заклучување/отклучување на вратите. Затоа помислив да не има нешто мака тоа, да не го изгасил некој преку компјутер и слично.

Благодарам за препораките Саше и Баланар, ке контактирам со нив да видат за централното преку брава што не заклучува.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #41 на: 12 Јуни 2022, 19:20:52 pm »
Boshe so potrosnja da kazes nesto kako e gradska i na otvoreno ovoj motor?

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #42 на: 12 Јуни 2022, 23:07:27 pm »
Да ти кажам право, не сум мерел колку троши. Ама како што гледам по борд моментално вика 5.7/5.8  цело време во град со клима нормално.
Отворено најверојатно би требало да е 5л. Еднаш до Скопје и назад ресетирав борд покажа околу 4,8.

Инаку сум доста задоволен од тоа како оди колата, поминато околу 6000 км досега.
Малку ми е само проблем што навикнат на Ауди то 1.9, нема мака дали сум пуштил клима на угорница, од тргање и слично. Оваа не може да повлече, нема снага.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #43 на: 14 Јуни 2022, 23:31:49 pm »
Чисто за евиденција. Денес дополнета климата со фреон, фалеле 290 грама, наплатено 800 денари.
Првпат денес колата влезе во регенерација, траеше 10 тина минути.
Да не биде на празно, нека има една слика после перење.


Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #44 на: 14 Јуни 2022, 23:46:17 pm »
Преку сликата се слуша дека ПЛАЧЕ за полирање.