Си возиш по своја лента, очигледно...
Никаде не пишав дека е штетно за здравјето, објаснуваме зошто перката уклучува во поголема брзина.
Климата претпоставувам знаеш како функционира, одзема топлина од просторијата во случајов кабината на колата и ја исфрла надвор од возилото, се слагаме за ова?
Проветрување на кабината која е изложена на сонце, не се препорачува за здравјето, туку за олеснување на работата на компресорот, не е исто да вклучиш клима на возило кое било паркирано во гаража и возило кое е изложено подолго време на сонце.
Сите ние, кога пуштаме клима во кола сетираме на најниска температура, така да што повисока е температурата во кабина, клима уредот ќе почне да работи со полн капацитет додека не ја постигне барана температура, со тоа читај и перката ќе уклучи на поголема брзина.
Разликата помеѓу климата дома и климата во кола, е тоа што колата може да се движи а со тоа и потребата од вклучување перка се намалува, каде дома е фиксна и перката врти цело време.