Автор Тема: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно  (Прочитано 2900 пати)

Отсутен steff_92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« на: 11 Март 2022, 20:48:07 pm »
Здраво,

Дали некој се соочил со било каков проблем со парно на Audi A6 C6 2006 2.7TDI BPP мотор, за да сподели искуство?

Конкретно мојот проблем е дека парно под мали вртежи (возење низ град) нема воопшто, ако се вози на автопат со вртежи околу 3000rpm има парно во најнормална смисла.

Со одредени проби за решавање на проблемот се направи измена во ситуација да има парно додека автомобилот е во место и кога се вози на 3000rpm, низ градско возење пак нема.

Пробани работи и мерени параметри:
- Сменета Coolant Circulation Pump V50 со друга половна (во нареден период имам спремно уште 2 други половни да пробам),
- Пробано да се испушти воздух од систем,
- Антифриз релативно нов,
- Не прегрева односно не крева температура повеќе од 93 степени,
- Не дува црева од ладилник,
- Премостен EGR односно водата да не поминува низ него,
- Кога колата е во место, пумпата V50 е активна и работи на околу 550hz, штом ќе почне да се вози, пумпата го надминува максималниот лимит од 650hz, односно оди 700/800/1000hz и се гаси. Кога е изгасена парното веднаш го снемува, истата се обидува пак да се стартува после 5 сек пауза, но пак повторно оди над дозволената граница и се гаси, се така во круг, додека не застанеш со колата. Кога парното е во функционалност грее со одлични 65-70 степени излез на вентилација. Исто така вентилите за двозонска клима преку VCDS дава информација дека реагираат во проценти, но дали физички се движат не може да се утврди.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #1 на: 11 Март 2022, 23:57:43 pm »
Zapuseno kazance?

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен steff_92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #2 на: 12 Март 2022, 17:39:34 pm »
Казанчето (најверојатно се 2 за двете страни) не е вадено.
Го тргнавме од листа затоа што кога парното е функционално има беспрекорна топлина. На излезни сензори 65-70 степени.

Во меѓувреме пробавме:
-Со трета пумпа V50 - исто се однесува,
-Со директ напон 12v на неа, одреден момент имаше, но потоа пак престана.

Отсутен steff_92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #3 на: 19 Март 2022, 01:34:47 am »
Дали знаете некој мајстор кој што има ваков алат за промена на антифриз?

https://youtu.be/IVyikhHE_38

Отсутен steff_92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #4 на: 16 Февруари 2024, 08:38:54 am »
Проблемот сеуште не е надминат, а состојбата на колата е скоро иста.
Парното се активира само доколку ја возиш кратко време константно над 2000rpm, низ градска средина нема.

Дополнително пробувано:

- испуштање на воздух 2 пати, преку чепови за испуштање и со директно црево пуштање на вода
- казанчето не е запушено
- вентилите се исправни

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #5 на: 16 Февруари 2024, 10:24:52 am »
Јас ни препорачал машинско чистење на казанче. На поедноставно возило истото ми се случи, добивав над 3000 рпм парно, со чистење машинско се среди.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #6 на: 16 Февруари 2024, 11:49:21 am »
Проблемот сеуште не е надминат, а состојбата на колата е скоро иста.
Парното се активира само доколку ја возиш кратко време константно над 2000rpm, низ градска средина нема.

Дополнително пробувано:

- испуштање на воздух 2 пати, преку чепови за испуштање и со директно црево пуштање на вода
- казанчето не е запушено
- вентилите се исправни
Додека испушташе воздух парното на максиум топло ти беше пуштено и вентилаторот на средно ниво?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен steff_92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #7 на: 16 Февруари 2024, 12:51:00 pm »
Јас ни препорачал машинско чистење на казанче. На поедноставно возило истото ми се случи, добивав над 3000 рпм парно, со чистење машинско се среди.

Казанчето е чисто.
Парното го нема кога пумпата не работи, јасно се гледа преку VCDS.

Додека испушташе воздух парното на максиум топло ти беше пуштено и вентилаторот на средно ниво?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Секогаш пробуваа мајстори, не сум јас лично, но на едното присуствував.
Парното на HI, вентилатор на макс.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #8 на: 16 Февруари 2024, 12:57:26 pm »
По што заклучивте дека казанчето за парно (не за антифриз) е чисто?

Отсутен steff_92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #9 на: 16 Февруари 2024, 18:20:19 pm »
На влезот накај казанчето, каде што е пумпата и вентилите, ќе му прицврсти црево со вода од чешма, му пушта вода и од другата страна ќе го извади цревото излезно каде што е лесно достапно и гледа дали чиста вода излегува и со колкав проток.

Пак ќе кажам не го правам јас тоа, туку одам од мајстор до мајстор и си плаќам нон стоп, а решение сеуште нема.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #10 на: 17 Февруари 2024, 08:49:45 am »
Dobro a so ne ja odnesesh do ovlasten servis da vidat? Koa samo davash pari probaj vidi kolku bi koshtalo

Отсутен steff_92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #11 на: 19 Февруари 2024, 08:31:31 am »
Овластен сервис во Куманово преваранти невидени. Никогаш кај нив.

Дополнителнo пробано и чистење на казанчето со машина како што препорача @nestor04
Многу мала незначителна нечистотиа излезе од него. Притисок не надмина од 1.8bar при чистењето.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #12 на: 19 Февруари 2024, 09:33:38 am »
У маму му што казанче е тоој... бато однеси ја во скопје во овластен и ке ти кажат да не луташ како сиромав околу пазар

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #13 на: 19 Февруари 2024, 09:37:16 am »
,Да се провери пловакот у казанчето, можеби тој не затвара убаво и цело време истекува водата у шољата ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Audi A6 C6 2006 2.7TDI проблем со парно
« Одговори #14 на: 19 Февруари 2024, 11:07:35 am »
После чистењето имаш парно или сеуште нерешлив проблем?

Дали овие вентилчиња ги проверивте?
« Последно менување: 19 Февруари 2024, 11:19:53 am nestor04 »