8 години имав голф 1 германски 78ма година, може го знаеш се возеше низ градов до пред 8 години,небесно плав металик со атс бандажи и голфот внатре немаше вибрации на маската, роднини со голф тасовец кец, одржаван како од мајка роден први газди, растурал внатре од прв ден... Двојките тасовци ете со поновата маска и мотор бетер тресеа од кецовите германски со постарите маски и мотори. Може ти си супер поткован со податоци за материјали или незнам што ама нареди 50 голфа измешани германски и тасовци, врзи ми ги очите и секој да го запалам одма ќе ти кажам кој е тасовецот пошто разлика ИМА, се осеќа фушерајот во тасот. И еве вака ти како голфаџија и познавач дали знаеш дека порано кога беа актуелни тие коли никој несакаше да купи половен тасовец туку сите ги бараа германските, што мислиш зашто?