Веројатно сум на право место
Сакав некој ако знае да сподели мислење што е со Вектра Ц моделите? Зошто толку малце ги има и престанаа со производство? Сепак е Опел или лоша серија?
Според википедиа, вектра е заменета со инсигниа. Астрата си е башка. Како демек пониска класа си е и во тој сегмент си ја туркаат со нови модели постојано.
Но инсигнијата е на некој начин наследник на вектра и да поубава е инсигнијата.
Вектра Ц според препродавачите на автомобили во Македонија ноќна мора пазарот не ги сакал,како и да е одлично фамилијарно возило ја дели платформата со Saab 9´3 се произведуваат од 2002 до 2008 во 2005 е направен Facelift или редизајн кој како сака

Не не е лоша серија далеку подобра од Вектра Б и каросериски може да побараш на интернет не сум сигурен но мислам дека се со потцинкувана шасија,ентериерот не е нешто што ќе те маѓепса на прв поглед но користени се квалитетни материјали ама пак излгеда како да има многу пластика.
Напоменувам дека возилото назад е доста непрегледно.
Е сега зависи што мотор сакаш имаат широк избор на мотори
Бензински мотори од 1.8cm3 до 2.8cm3 1,8 убав мотор но тром за каросеријата погоден за плин.
Има две верзии од 2.200 кубика од 147 и од 155 коњски сили моторот од 155 коњнски сили не е покажан бидејќи бил експериментален мотор наменет за Америка (информација од мајсторите од Олимпија Моторс колку е точна незнам)
Дизел Мотори 2,0 2,2 1,9-16в 1,9-8в 3,0 3,0 177 и 184 коњски сили
2,0 и 2.2 Dti го има во Зафира А,Астра Г,Омега Б Еуро 3 мотори двата се 16 вентилски 2,0 има 100 коњски сили 2.2 125
1,9-16в и 1.9-8в разликата е во брегастите првиот со 16в има две брегасти осовини и 150 коњнски сили другиот со 8 вентила е со една брегаста осовина и 120 коњски сили.(Моторите од се од Fiat групацијата и се најдобри од дизел палетата за Вектра Ц ги користат Saab,Suzuki,Cadilac)
3.0 V6 177 коњски сили Еуро 3 стандард брзо возило комшија има такво го имам возено влече како ненормално хаха сепак турбината и 370 њм го прават своето за моделот од 184 коњски сили немам инфорации знам само дека го исполнува Еуро 4 стандардите.
Ако си од Скопје може да се договориме да ја видиш мојата Вектра Ц (не е за продажба)
Доколку сакаш да купуваш Опел Вектра Ц ти препорачувам 1,9 дизел од 150 коњски сили просечна потрошувачка од 7 литра нормално градско возење а во секој момент имаш и брза лимузина која зад себе ги остава 2.5 Тди а6 ауди.бмв 525 тдс е39 и 320д е 46.
Кај нас ги има доста но со 2.0 и 2.2 дизел мотори кои не се покажале толку ама не се ни лоши имале проблеми со бош пумпата наводно брзо страдале гумичките,поретки се со 1.9 мотор се вградуваат од 2004 и 2005 година и можат да се увезат бидејќи ги исполнуваат Еуро 4 стандардите.