Како што веќе знаете, неколку дена имав Astra GTC на тест.
Целосните забелешки ги чувам за тестот, но ќе издвојам две работи што не ми се свиѓаа ич, и една што многу ми се свиѓаше.

- Врвот на рачната кочница завршува 1 милиметар над „оквирот“ на менувачот, како што се гледа на сликава. Секој пат при спуштање рачна си го фаќав показалецот меѓу рачната и оквирот. Кој дизајнер/инженер/тестер дозволил такво дизајнерско решение треба да се избрка од работа.
- На секое радио, секаде, најголемиот и најлесно пристапен круг (dial, вртач, не знам како е на македонски, ќе најдам збор додека да го спремам тестот) е за намалување/појачување гласност. Конкретно кај Astra GTC големиот dial е за радио станици. Малиот е за звук. Интуитивно ми доаѓа да го завртам големиот dial кога сакам да стишам или попуштам. 12 милиони пати сменив радио наместо да стишам или појачам. Свесен сум дека е навика, ама е контра-интуитивно.
Е сеа, што
многу ми се свиѓаше:
Тестната Астра имаше Automatic Main Beam Assist. На отворен пат си пушташ дугачки, и колата автоматски ги гаси кога има возило од спротива или пред тебе. Преееееееекрасно.