Што очекувате од дизајнот на градски возила што одвај собираат четворица за кратки релации?
После сите глупави, налицкани тостерчиња кои се трудат да бидат слатки за да им се допаднат на девојчиња со ограничена способност за паркирање, конечно се појави Up, кај кој практичноста е ставена во прв план, а дизајнот го следи тој сериозен пристап. Не изгледа слатко или наџиџано и поради тоа е единствено модерно возило од таа класа кое би помислил да го купам.
Тоа што тостерите се многу напреднати во дизајнот, не значи дека е срамота ако некое мало возило наликува на тостер. Поголема срамота е да е дизајнирано за девојче, а поради тоа во внатрешноста да има простор за 2 + 2 деца или торби за шопинг.


Дизајнерите кај Адам се обидуваат да применат елементи кои повеќе им одговараат на спортски возила. Пр. ако го гледате од напред како на сликата се забележува дека горниот дел од возилото е многу потесен, за разлика од Up кај кој максимално е искористен просторот. Да се работеше за поголемо возило, ова не е проблем, но кај вакви прцули, коцкастиот дизајн треба да има предност, пред налицканоста. Задниот носач е исто така премногу голем и премногу напред и со тоа ја намалува видливоста и светлината на задните седишта. Up ги нема тие проблеми. За возила од класата на Адам и Up, практичноста и искористеноста на просторот треба да бидат на прво место.
Секогаш би go одбрал Up пред шминкерските Адам, Фиат 500, МиТо...