Благодарение на малите промени, стајлингот на Insignia сега е многу порафиниран и позрел. Дотерувањето донесе нов изглед на предниот и задниот крај од автомобилот: модифицирани се маската, предните и задните светла и браници а забележливи се и новите всмукувачи на воздух како и неколку други мали украси.
Внатрешноста, исто така, има претрпено извесни промени. Пред се’ забележлив е помалиот број на прекинувачи, употребата на поквалитетни материјали, новиот волан како и освежената контролна табла. Клиентите, како додатна опрема ќе можат да го изберат и 8-инчниот централен екран чувствителен на допир. Вреди да се спомене и проширената листа на стандардна и опционална заштитна опрема.
_jpg.jpg)
Понудата на дизел мотори е претставена од 2,0 CDTI достапен во две верзии на моќност: 120 КС (88 kW) и максимален вртежен момент од 320 Nm и 140 КС (103 kW) и вртежен момент од 370 Nm. Податоците од компанијата говорат дека послабата верзија ќе генерира просечна потрошувачка од 3,7 л/100 км. Врвот на дизел понудата ќе го претставува 2,0 Biturbo CDTI со 195 КС (143 kW) и максимален вртежен момент од 400 Nm.
Бензинската моторизација ќе ја претставуваат 1,6 SIDI turbo со 170 КС (125 kW) и вртежен момент од 260 Nm. Тука е исто така и 2,0 SIDI turbo со моќност од 250 КС (184 kW), кој може да се искомбинира со погон на четири тркала.
_jpg.jpg)
Инаку, во зависност од изборот на моторот, Insignia доаѓа со 6-брзински рачен или 6-брзински автоматски менувач.
Вреди да се напомене и изведбата 1,4 LPG со моќност од 140 КС и вртежен момент од 200 Nm, која ги исполнува Euro 6 стандардите, со потрошувачка на гориво од 7,6 л/100 км и емисија на CO2 од 124 г/км.
Цените на новата верзија не би требало драстично да се променат, а првата испорака ќе биде дистрибуирана во септември на германскиот пазар. Се разбира, клиентите и натаму ќе можат да избираат помеѓу седан, караванска и Sport Tourer верзиja.
LosiPatista