Колата главно ќе се користи низ Скопје, Corsa C сеуште спаѓа во изборот, но некако Астрата повеќе ми се допаѓа од причина што е покомотна. Избрав Opel затоа што се поефтини за оддржување споредено со другите брендови, а и секако лимитот од 3000 евра, мислам дека е правилен избор. Исто така, сме имале Corsa B дизел (ја купивме нова, ја продадовме со 170.000), сега Astra H 1.4 бензинец и сме немале никаков проблем. Дизелите на Опел не ги фалат многу и поради тоа би одел на комбинација бензин/плин. Мислам дека 1.4 66kW е таман. Вие што викате?