Кој дел од problems per 100 vehicles во табелава не ти е јасен?

Проблемот е што во тие 100 возила Киа, Хјундаи, Сузуки, Тојота се влезени со 80% продадени атмосферски бензинци. Стара технологија која нема речиси никакви конструквитни маани што останатите директни конкуренти од листата ја имаат напуштено.
Останатите пробуваат да наметнат нови технологии на пазарот, турбо бензици, ДСГ менувачи кои што си имаат свои бебешки проблеми. Нормално е и надежноста на овие возила да е намалена.
Но штом овие недоследности се надминати, тогаш бројките ќе бидат други.
Никаде нема споредба, кој е нај надежен турбо бензинец?
Еко буст на Форд ќе растури, потоа можеби ТСИ на VAG па Pure Tech на ПСА ќе доjдат на листата.
Самата листа е релевантна колку што е релевантен било кој натпис на Курир, Нетпрес и останатите кликбајт сајтови.
Инсигнија-та е единственото солидно возило што Опел го има произведено во последните 10 години.
Единствено, таа може да влезе во директен судир и споредба со конкурентите.
Останатото е само обид да се произведе возило што ќе биде слично на конкуренцијата.
Недовршени полупроизводи кои што се продаваат под беџот "Мејд ин Џермани". Не го заслужуваат приматот што Опел го заработи како бренд во минатото (девеесетите години на минатиот век) со Вектра, Калибра, Омега, Корса кец ...
Атмосферските бензинци на Опел кои што сеуште ги вградуваат во 2018 година се едни од полошите атмосферци што се нудат на пазарот. Споредено со атосферците на корејските конкуренти, Форд, и Тојота. Тромави до бесвест, трошат екстремно многу и гориво и масло. Не дека конткурентите се нешто многу фантастични, ама ако веќе мериме на кантар, Опел тука нема што да покаже.
Автоматските менувачи со двојна спојка им се исто така најлошите во понудата на пазарот. Лоши преносни односи, неинтуитивна логика за менување на пренос, тотално непрактични за употреба.
Турбо бензинците кои што на хартија имаат по 150 коња се килави затоа што ги врзуваат најчесто со менувачи кои се конструирани со лоши преносни односи или се земени од "залиха" од возила кои што не се произведени, а требало да имаат атмосферски мотори.
Се надевам дека новите сопственици на Опел од Франција ќе успеат да ги испеглаат сите недоследности што Опел свесно ги продава на крајниот потрошувач.
Прво што треба да направат во Франција е да ги напуштат Опеловите платформи врз кои што се гради цела генерација на возила затоа што се претешки. MQB платформата на ВАГ е 400-600кг полесна од таа на Опел.
Второ ќе успеат да конструираат солиден автоматски менувач кој ќе го врзат со Pure Tech турбо бензинец на Пежо. Турбо бензинците што опел ги нудеше досега треба да ги остават и да не ги користат воопшто, затоа што Pure Tech на ПСА се поисплатливи за развој и употреба на поголема гама на возила.
Трето ќе се отарасат од цела GM технологија која што Опел ја користи и ќе направат чекор понапред кон унапредување на производствените линии на Пежо/Цитроен.
Околу коризија и крцкање на пластики неможам да направам споредба затоа што не сум поседувал опел подолго од 1 година за да дадам некакво директно мислење.
Четврто, јавно да им се извинат на сите потрошувачи кои што купиле полупроизводи во последните 10 години (освен Инсигнија) и да им дадат некаков бонус за замена на полупроизвод со производ.
Дачија беше катастрофална во секој поглед пред да ја купат французите, па денес е респектабилен играч во авто индустријата.
И Шкода, Сеат, Киа, Хјундаи, само што овие последниве ги "купија" (земаа под закрила) Германци, а не французи.
Искрено се надевам дека Опел ќе се врати на местото каде што сите го очекуваме да биде, кога Вектра кец беше сионим за добро семејно возило. Воедно ми е драго што Французи го купија Опел затоа што и на ПСА им недостигаше оноа малку што ги прави конкурентите по пристапни за купувачот. И мислам дека Опел ќе може да да го даде.
Ќе треба да поминат барем 5 години откако Опел отиде под Французи, за да видиме конечно нешто добро од нив. Има умни глави таму само им треба време.